Радиоаматерски Сојуз на Македонија
YOTA летен камп Софија 2019
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 09 Јануари 2019
IARU R1 YOTA оваа година организира 9ти по ред летен камп во близина на Софија, Бугарија од 11-17 Август 2019 година. Секоја федерација членка на IARU може да испрати тим од пет члена, од кои еден е тимлидер. Возраста е од 15-25 години за членовите на тимот, а 18-30 години за тимлидерот.
РСМ ги повикува сите заинтересирани јангстери кои ги исполнуваат условите да ја пополнат приложената апликација и да ја испратат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
најдоцна до 20ти јануари за да може да се направи селекција. Пријавувањето на тимовите трае до крајот на јануари. Подетално за условите и за програмата на летниот камп на следниов линк https://www.ham-yota.com/call-for-application-youngsters-on-the-air-bulgaria-2019/
Одобрено користење на 5MHz
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ
- Објавено: 11 Декември 2018
После поднесеното барање за продолжување на дозволата за користење на бандот од 5MHz, АЕК издаде одобрение за користење на секундарна основа во период од 01.01.2019 до 31.12.2019. Банд планот за користење е даден во прилог со Одобрението.
Декември - месецот на YOTA
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 11 Декември 2018
И оваа година РСМ се вклучува во активностите за настанот YOTA (Youngsters On The Air). По наше барање од страна на АЕК, а согласно пропозициите за YOTA издадени се дозволи за два повикувачки знака - Z30YOTA и Z39YOTA.
Со учество во активноста се започна уште првиот ден од месец декември и досега се остварени над 600 врски од Скопје, Штип, Битола, Кавадарци и портабл активирање во близина на Скопје.
Повеќе информации на Фејсбук фан страната YOTA Macedonia
Во прилог може да погледнете слики од активностите.
Резултати од 14то Светско првенство во HST
- Детали
- Категорија: ХСТ
- Објавено: 15 Септември 2017
Од 8-12 септември 2017 во Естергом, Унгарија се одржа 14-тото Светско првенство во HST. Екипата на РСМ беше составена од тројца членови: Младен Марковски, Миле Трајко и Дарко Трајков. Повеќе информации и резултати може да се најдат на официјалниот веб сајт.
Собир на радиоаматери 2017
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 14 Септември 2017
Почитувани радиоаматери,
Како што веќе претходно информиравме, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија на 17.септември (недела) организира Собир на радиоаматерите на Македонија во ресторанот „Ресторан на Велешко“ кој се наоѓа на езерото „Младост“ крај Велес.
Во рамките на Собирот ќе се одржат повеќе теоретски и практични презентации од актуелни области на радиоаматеризмот и радио-техниката. Исто така ќе се одржи обука на младите радиоаматери, а потоа и натпревар во аматерска радио гониометрија. Истовремено овој Собир ќе биде одлична можност за меѓусебно дружење и подобро запознавање помеѓу радиоаматерите, но и помеѓу гостите.
Ве поканувам да дојдете и да го збогатете ова наше дружење со Вашето присуство.
На Собирот во недела, 17.септември, настаните се организирани со следниве тематски содржини:
1. 08:30 до 09:00 часот - Пристигнување на радиоаматери, натпреварувачи и гости и нивна регистрација;
2. 09:00 до 12:00 часот - Теоретска и практична презентација на спортско-техничката дисциплина „АРГ“ – аматерска радио-гониометрија и АРГ натпревар.
3. 12:00 до 15:часот - Теоретски и практични презентации на:
- ХСТ – Брза телеграфија;
- Одржување на радиоаматерски врски и комуникација со дигитални модови на работа;
- Одржување на радиоаматерски врски на УКБ преку рефлексија на радиобрановите од јонизирачки метеорски трагови;
- Одржување на портабл радиоаматерски врски;
- РМЗО – Радиоаматерски мрежи за опасност;
- СДР-уреди (Software Defined Radio) презентација;
- Радиоаматерски кодекс „Ham spirit“;
- Правилник за радиоаматерски сообраќај преку репетитори.
4. 15:00 до 17:00 часот - Ручек (за време на ручекот ќе бидат доделени благодарници, дипломи и признанија).
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Претседател,
м-р Миле Кокотов / Z33T
Официјални резултати од 10. Куп на Европа и 5. Балканско првенство во HST
- Детали
- Категорија: ХСТ
- Објавено: 05 Јуни 2017
Официјалните резултати од 10. Куп на Европа и 5. Балканско првенство се достапни на линкот http://z37rsm.org.mk/hst2017/.
Во рамките на натпреварот Куп на Европа поставени се два нови светски рекорди. Ана Садукова (RA4FV L) од Русија, постави нов светски рекорд во прием на мешан текст за жени - 260 знаци во минута, а Горан Хајошевиќ (YT7AW) од Србија постави нов светски рекорд за мажи во Morse Runner - 4808 поени
Благодарност до сите учесници што дојдоа и сите кои помогнаа во организацијата на натпреварите.