Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Z30STAYHOME
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 12 Април 2020
Почитувани членови на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, на иницијатива на Озрен - Z35T, а на барање на Радиоаматерскот сојуз од 2 април оваа година, Агенцијата за електронски комуникации го додели специјалниот повикувачки знак Z30STAYHOME. Овој знак може да се користи од членови на Радиоаматерскиот сојуз додека трае пандемијата со COVID19 и додека трае вонредната состојба во Македонија. Повеќе информации за координација за користење на знакот може да добиете од Златко - Z30A. Информации за активностите може да најдете и на профилот на Z30STAYHOME на qrz.com
Одобрено користење на фреквенции на 5MHz
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 12 Април 2020
После поднесеното барање за продолжување на дозволата за користење на бандот од 5MHz, АЕК издаде одобрение за користење на секундарна основа во период од 30.01.2020 до 31.12.2020. Банд планот за користење е даден во прилог со Одобрението.
Одлука за членарината во РСМ за 2020 година
- Детали
- Категорија: Законска Регулатива
- Објавено: 12 Април 2020
Одлука за членарината во РСМ за 2020 година
YOTA 2019
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 03 Декември 2019
Декември е месецот на младите радиоаматери
И годинава македонските млади радиоаматери ќе земат учество во активноста " Декември YOTA месец".
АЕК на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија му издаде одобрение за користење на специјалните повикувачки знаци Z39YOTA и Z30YOTA.
YOTA координатор за 2019 е Велјан Ѓорѓиов, Z33C.
Секој млад радиоаматер кој ќе сака да работи со специјалните повикувачки знаци ќе мора да биде најавен кај Велјан Z33C. Mail адресата на Велјан е:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Координацијата за работа ќе биде како и лани на Facebook Messinger групата на која ќе бидат членови младите радиоаматери и нивните ментори.
Ви посакувам успешна работа и добра забава.
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Менаџер за HF
Златко Андонов Z30A
Извештај од учеството во YOTA кампот 2019
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 27 Август 2019
На овогодинешниот камп за млади радио аматери кој се одржа во Бугарија, РСМ испрати тим од четворица млади радио аматери: Z33C - Велјан Ѓорѓиов (тим лидер), Z31VAJ - Ване Јованов, Z33RTF - Андреј Мицков и Z35TUN - Андреј Антуновиќ. Во прилог покрај сликите е и извештајот од тим лидерот, Велјан.
Одобрено користење на фреквенции на 70MHz
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ
- Објавено: 19 Мај 2019
После поднесеното барање за користење на бандот од 70MHz, АЕК издаде одобрение за користење на фреквенции од опсегот за експериментални цели во период една година. Банд планот за користење е даден во прилог со Одобрението.