Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Покана
- Детали
- Категорија: ХСТ
- Објавено: 25 Мај 2017
Почитувани
Радиоаматерскиот сојуз на Македонија е домаќин на 10ти Куп на Европа и 5то Балканско првенсво во брз прием и предавање на Морзеовата азбука (high speed telegraphy) кои ќе се одржат во периодот од 31.мај до 04.јуни 2017 година во Дојран, хотел Полин.
За таа цел Ве покануваме да присуствувате на отварањето на ова големо радиоаматерско натпреварување на кое учество ке земат радиоаматери од Европските држави. Отварањето на првенството е во 19:00 часот на ден 31. Мај 2017 година во хотелот Полин.
Вашето присуство би значело многу за радиоаматерите и радиоаматеризмот во Република Македонија.
Со почит
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Претседател
Миле Кокотов/Z33Т
Известување за HST натпревар
- Детали
- Категорија: ХСТ
- Објавено: 10 Април 2017
На 23.04.2017 со почеток во 09:30 во просториите на РК. Искра Кавадарци ќе се одржи HST натпревар. Натпреварот ќе се спроведе само со практичните дисциплини RUFZ и Morse Runner, согласно правилникот на IARU R1 за нивно одржување. Резултатите постигнати на овој натпревар ќе бидат вреднувани за формирање на репрезентација за учество на претстојниот Куп на Европа, резултатите постигнати на Куп на Европа и Балканско HST првенство, заедно со резултатите од овој натпревар, ќе бидат вреднувани за учество во HST репрезентацијата на Светското првенство во септември. Во рамките на овој настан ги поканувам и сите оние кои некогаш се занимавале со HST, како и сите заинтересирани кои би сакале да се запознаат со оваа дисциплина.
Повеќе на следниот линк
Менаџер за HST
Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев / Z33RW
Предлог измени на Статут на РСМ
- Детали
- Категорија: Законска Регулатива
- Објавено: 29 Март 2017
Почитувани во прилог се објавени предлог измените на Статутот кои ги изработи работната група по барање на ИО на РСМ. Ве молиме сите ваши забелешки и предлози доставувајте ги во писмена форма на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
РСМ организатор на 5-то Балканско првенство и 10-тиот Куп на Европа во HST
- Детали
- Категорија: ХСТ
- Објавено: 12 Март 2017
Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во периодот од 31.05 - 04.06.2017 ќе биде домаќин на две првенство во дисциплината HST: 5-то Балканско првенство и 10-иот „Куп на Европа. Комплетната документација може да ја погледнете на следниот линк
Избрано новото раководство на РСМ
- Детали
- Категорија: Записници и Одлуки
- Објавено: 24 Ноември 2016
На изборното Собрание одржано на 20.11.2016 со почеток во 10 часот во просториите на АМСМ во Скопје беше избран новиот претседател и органите кои ќе го раководат сојузот во следните 4 години. На собранието приствуваа 25 делегати од 13 радио клубови и 2 листи на индивидуални членови.
После изборот на телата кои ќе раководат со Собранието и верификационата комисија која беше задолжена за спроведување на изборот обраќање и излагање имаше поранешниот претседател Звонко Стаменков кој го изнесе се досега сработеното и го презентираше финансискиот план.
До РСМ беа пристигнати две кандидатури и тоа од Жарко Колевски и Миле Кокотов. Пред да започне претставувањето на кандидатите за претседател беше соопштено дека кандидатот Жарко Колевски ја повлекува својата кандидатура, така што обраќање имаше само кандидатот Миле Кокотов.
После изнесувањето на својата програма Миле Кокотов едногласно беше избран за претседател на РСМ. После тоа следеше избор и на Извршен и Надзорен Одбор.
Новото раководство на РСМ го сочинуваат
Претседател: Миле Кокотов (Z33T)
Извршен одбор: Димитар Поповски (Z32EA), Златко Андонов (Z30A), Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев (Z33RW), Тодор Тодоровски (Z31RM), Доне Кочоски (Z32KF) и Звонко Стаменков (Z35W)
Надзор одбор: Љубиша Спасоски (Z34BTR), Дејан Вукановиќ (Z31CW), Јованчо Јовановски (Z32TE).
Промена на локација за одржување на Изборно Собрание
- Детали
- Категорија: Записници и Одлуки
- Објавено: 16 Ноември 2016
Почитувани,
Ве известуваме дека местото на одржување на Изборното Собрание на ден 20. ноември 2016 година, со почеток од 10:00 часот, е променето, односно Изборното Собрание ќе се одржи во АМСМ (во близина на Амбасадата на Р. Бугарија во Македонија). Промената настана, од причина што Факултетот за туризам ќе има некои свои активности во текот на денот - 20.11.2016 год.