Редовно Годишно Собрание на РСМ
- Детали
- Објавено: 19 Март 2019
Врз основа на член 18 и член 27 од Статутот на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, и во консултација со Извршниот одбор, претседателот на РСМ свикува Редовно Годишно Собрание на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
Собранието ќе се одржи во недела, на 24 март 2019 година во Штип, во Големата сала на Општината, со почеток во 10:30 часот.
За Собранието е предложен следниот Дневен ред:
1. Конституирање на Собранието
- Избор на Работно Претседателство (три члена)
- Избор на Верификациона комисија (три члена)
- Избор на записничар (еден член)
2. Извештај за работата на РСМ во периодот помеѓу двете собранија (2017 и 2018 година) и планирани активности за 2019 година.
3. Усвојување и донесување на нов Статут на РСМ
4. Усвојување и донесување на Правилник за дисциплинска постапка
5. Усвојување и донесување на Кодекс на однесување на членовите на РСМ
6. Донесување на Одлука за овозможување увид во трансакциската сметка на РСМ, со цел изводите да бидат достапни за сите членови на ИО и делегати на Собранието)
7. Усвојување и донесување на Правилник за начинот за доделување на материјално-технички и финансиски средства на членови на РСМ
8. Разгледување на писмото за повлекување од функција на Доне Кочоски, избран на претходното Собрание за член на ИО на РСМ и избор на нов член на ИО на негово место.
9. Разгледување на оставката на Димитар Попоски, избран на претходното Собрание за член на ИО на РСМ по предлог на Претседателот и избор на нов член на ИО на негово место.
10. Разгледување на оставката на Љубиша Спасоски, избран на претходното Собрание за член на НО и избор на нов член на НО на негово место.
Претседател на РСМ
Миле Кокотов
Материјали за редовно годишно Собрание 2019