Освоена WCA-A диплома
- Детали
- Објавено: 26 Јануари 2011
Прво Активирање од Бункери - Водно
- Детали
- Објавено: 17 Јануари 2011
На ден 16.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Бункери на сртот на планината Водно, WCA реф. Z3-00013.
За период од еден час со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 5 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 4,5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 31 телеграфски радио врски.
Прво Активирање од Маркови Кули - Водно
- Детали
- Објавено: 17 Јануари 2011
На ден 15.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Маркови Кули на падините на планината Водно, WCA реф. Z3-00009.
За период од час и половина со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 7 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 59 телеграфски радио врски.
Активирање од Бутела, Хераклеа, WCA Z3-00012
- Детали
- Објавено: 10 Јануари 2011
Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award, радиоаматерот Владо, Z35M на ден 09.01 2011 год. по прв пат реализираше активирање од битолско Тумбекафе во близина на археолошкиот локалитет Хераклеа, во чија што непосредна близина се наоѓаат остатоци од тврдината Бутела, WCA реф. Z3-00012.
За период од три часа воспоставени се вкупно 53 CW QSOa на 20 м и 30 м опсег со употреба на батериски напојуван K1 со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на 5 м висина.
Самуилова тврдина - прво активирање
- Детали
- Објавено: 13 Август 2010
На 11.08 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше кусо активирање од Самоилова Тврдина.
За период од еден час остварени се вкупно 30 радиоврски на кусобрановите опсези 20м и 30м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.