Самуилова тврдина - прво активирање
- Детали
- Објавено: 13 Август 2010
На 11.08 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше кусо активирање од Самоилова Тврдина.
За период од еден час остварени се вкупно 30 радиоврски на кусобрановите опсези 20м и 30м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
Ова е прво активирање на Самуиловата тврдина, според зборовите на Владо локацијата е одлична и ако царот Самуил бил радиоаматер ќе ја имал најдобрата локација во Охрид .
Во текот на краткиот престој направени се повеќе фотографии од тврдината, погледот кон езерото и градот е прекрасен.