Z300D, Ден на дрвото – Засади ја својата иднина
- Детали
- Објавено: 16 Ноември 2010
Радиоаматерскиот сојуз на Македонија се вклучи во акцијата Ден на дрвото – Засади ја својата иднина со популаризација на истата преку одржување радиоврски со радиоаматери од целиот свет со употреба на специјално издадениот повикувачки знак Z300D.
Активноста се спроведува на кусобрановите фреквентни подрачја и во истата се вклучени радиооператори од неколку градови.
Аудио снимки од Владо - N3CZ
- Детали
- Објавено: 03 Ноември 2010
Владо направи повеќе снимки од наши радиоаматери како работат на кратки бранови. Овде можете да слушнете како звучат радиоаматери од Штип и Гевгелија во Соединетите Американски Држави. Снимките се направени во текот на CQ WW WPX SSB натпреварот кој се одржа последниот викенд од Март месец ова година.
CQ WW RTTY 2010 - Z37M
- Детали
- Објавено: 30 Септември 2010
По неколку годишна пауза радиоаматерите од Штип одлучија повторно да работат во најтешката категорија Мулти - Мулти. Главна причина за ова одлука беа младите членови на овој радио клуб да добијат прилика за што повеќе работа на радио станица за време на овој натпревар.
Овој пат осум радио оператори го сочинуваа тимот но повеќемината не можеа да бидат присутни во текот на сите 48 часа колку што трае овој натпревар. Во текот на натпреварот им се случија технички и софтверски проблеми но благодарение на добро обучените членови на клубот овие ситуации беа релативно лесно и брзо решавани. Натпреварот го завршија со најдобар нивни резултат досега во најтешката или популарно наречената (абсолутна) категорија.
JARTS RTTY 2009
- Детали
- Објавено: 30 Септември 2010
Јапонското радиоаматерско телепринтерско друштво деновиве ги објави резултатите на натпреварот што го организираа заедно со јапонскиот огранок на CQ Magazine 2009-та година.
Плакетата за освоено прво место во светот наскоро ке пристигне во Македонија кај Тоне Петров - Z36N, кој што одработи 1895 врски во категоријата - еден оператор, сите опсези.
ARI 2004 - Z39Z
- Детали
- Објавено: 22 Септември 2010
Како по обичај работите кај гевгелиските радиоаматери се случуваат во 5 до 12. По иницијатив а на Златко се најдовме во ресторантот кај што работи во четвртокот навечер и веднаш падна договор во саботата да одиме на нашата натпреварувачка локација во близина на селото Селемли и таму да го прославиме 1-ви мај.
Меѓународниот празник 2004 година се совпадна точно со ARI натпреварот кој што традиционално го организира Италијанската асоцијација на радиоаматери.