Z37M во WAE RTTY 2009

skrseni vertikalki za 3.5 Желбата по трет пат да победиме во годинешниот  “WAE RTTY “не се оствари, иако ова беше нашиот досега најдобар резултат во овој натпревар. Занесени од бројот на врските кои се работеа во текот на натпреварот малку попуштивме во делот на барањето на QTC-а и нови множители. WAE RTTY  беше во календарот на нашите учества на натпревари за оваа година во кои влеговме со сериозни амбиции за највисок пласман. Главна поставена цел беше по трет пат да победиме во категоријата M/S, повеќе оператори – еден предавател.

Од тие причини во четврток сабајле заминуваме на Сушево заради поставување на дел од антените и да имаме  време да ги провериме истите до почетокот на натпреварот. Само што пристигнавме, не пречекаа искршени двете вертикалки за 3.5 МХз и едната за 1.8 МХз, која не ни беше потребна за овој натпревар. Ова значеше дека прво ке треба да се позанимаваме со репарација на вертикалките. За среќа штетите кај двете антени не беа компликувани па за неколку часови беа поправени и поставени повторно. До крајот на денот сите антени се комплетирани со радијали и поставени коаксијални кабли. За утрешниот ден ни останува поставувањето на две приемни антени (бевериџ)

Петокот го почнавме со подготовките за поставување на популарните бевериџи а во тоа време дојдоа и дечките од ЕМУЦ “Коле Нехтенин”, кои пред извесно време го положија испитот за радиоаматерски оператори. Ова беше “огнено крстење” за дел од нив бидејќи за прв пат седнаа на радиостаница и ги одржаа своите први радио врски. До крајот на денот завршивме и со поставувањето на приемните антени и со поставувањето на двата ППС-а.
z36n z36w wae rtty-09 Почетокот на натпреварот и веднаш имаме мал проблем со софтверот кој набргу е решен. Ноќта работевме на долните опсези (3.5 и 7 МХз) и до 7 часот наутро одработивме 350 врски. Преку ден сме на 14 и 21 МХз со повремени проверувања на 28 МХз. Во текот на денот линеарецот на Драган (Z32XX) што работи на 21 МХз почна да се однесува чудно и да губи дел од јачината, така да на моменти работиме со околу 300 вати. Најлошо е што тоа се случува токму во моментот кога колку толку имаше пропагации во правец на северна Америка и поради овој проблем испуштивме неколку множители од ова страна на светот. Вечерта го заменивме со друг засилувач, поточно со  GX-2 и сега на 3.5 МХз работиме со 700 до 800 вати. Првите 24 часа во дневникот веќе имаме 1200 врски што е солидна бројка но сепак мал број на QTC – пораки. Кога сме кај QTC, како да сме малку дискриминирани бидејки на голем број наши барања одговорот беше "sri no qtc's" ?!

Недела сабајле имаме одржано веќе 1350 врски и си поставивме цел натпреварот да го завршиме со најмалку 2.000 врски и повеќе од 3 милиони поени. Преку денот начекавме отварање на 28 МХз но за жал работиме само со 80 вати. Останатиот дел од денот бараме QTC-а и z35x vo wae rtty 2009 множители. Чудно беше што 21 и 14 МХз се затворија релативно рано така да од овие причини изгубивме голем број на QTC-а. Ништо подобро не беше и на 7 МХз до крајот на натпреварот. Посебно чудно беше што не одеше ни исток од каде очекувавме од UA9/0 и од Јапонија да собереме некое QTC. На пример ZM2B на 7 Мхз редовно го работиме, додека овој пат воопшто не го ни чувме иако повеќе пати беше спотиран од европски станици.

Во секој случај натпреварот го завршуваме според нашите очекувања, одржавме околу 2030 врски и постигнавме резултат од 3 милиони поени. Потајно се надевавме дека со овој резултат ке бидеме сигурно први, но екипата од Германија која што работеше со повикувачкиот знак DQ4W постигна подобар резултат. Честитки за нив а ние тераме понатаму.

Вие сте на: Почетна КБ - УКБ Активности Z37M во WAE RTTY 2009