Z30STAYHOME
- Детали
- Објавено: 12 Април 2020
Почитувани членови на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, на иницијатива на Озрен - Z35T, а на барање на Радиоаматерскот сојуз од 2 април оваа година, Агенцијата за електронски комуникации го додели специјалниот повикувачки знак Z30STAYHOME. Овој знак може да се користи од членови на Радиоаматерскиот сојуз додека трае пандемијата со COVID19 и додека трае вонредната состојба во Македонија. Повеќе информации за координација за користење на знакот може да добиете од Златко - Z30A. Информации за активностите може да најдете и на профилот на Z30STAYHOME на qrz.com
Одобрено користење на фреквенции на 5MHz
- Детали
- Објавено: 12 Април 2020
После поднесеното барање за продолжување на дозволата за користење на бандот од 5MHz, АЕК издаде одобрение за користење на секундарна основа во период од 30.01.2020 до 31.12.2020. Банд планот за користење е даден во прилог со Одобрението.
YOTA 2019
- Детали
- Објавено: 03 Декември 2019
Декември е месецот на младите радиоаматери
И годинава македонските млади радиоаматери ќе земат учество во активноста " Декември YOTA месец".
АЕК на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија му издаде одобрение за користење на специјалните повикувачки знаци Z39YOTA и Z30YOTA.
YOTA координатор за 2019 е Велјан Ѓорѓиов, Z33C.
Секој млад радиоаматер кој ќе сака да работи со специјалните повикувачки знаци ќе мора да биде најавен кај Велјан Z33C. Mail адресата на Велјан е:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Координацијата за работа ќе биде како и лани на Facebook Messinger групата на која ќе бидат членови младите радиоаматери и нивните ментори.
Ви посакувам успешна работа и добра забава.
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Менаџер за HF
Златко Андонов Z30A
Извештај од учеството во YOTA кампот 2019
- Детали
- Објавено: 27 Август 2019
На овогодинешниот камп за млади радио аматери кој се одржа во Бугарија, РСМ испрати тим од четворица млади радио аматери: Z33C - Велјан Ѓорѓиов (тим лидер), Z31VAJ - Ване Јованов, Z33RTF - Андреј Мицков и Z35TUN - Андреј Антуновиќ. Во прилог покрај сликите е и извештајот од тим лидерот, Велјан.
Записник од редовното годишно собрание одржано во Штип
- Детали
- Објавено: 02 Мај 2019
Записникот од редовното годишно собрание одржано во Штип на 24.03.2019 година е достапен тука.