Кевин Митник во Македонија
- Детали
- Објавено: 17 Декември 2010
Најпознатиот поранешен светски хакер Кевин Митник беше во Македонија овие денови. Настанот го отвори Министерот за информатичко општество Иво Ивановски а Кевин пред македонската публика одржа предавање за најновите и најдобрите методи на компјутерска безбедност.
Во текот на предавањето тој ги презентираше и своите две најпродавани книги "Уметност на измама" и "Уметност на пробивање" преку кои практично им покажува на компаниите како да спречат напади врз нивните информатички бази.
Настанот доби голем публицитет во медиумите а организаторот изработи и веб страница
Кевин е радиоаматер и по излегувањето од затвор со месеци се обидуваше повторно да добие лиценца за работа на радио станица. Неговиот повикувачки знак е N6NHG.
Z39Z - Венци Ристов
- Детали
- Објавено: 24 Ноември 2010
Лични повикувачки знаци во поранешна Југославија и република Македонија: YZ5GRV, YZ5AA, Z32AF, Z3100V
Повикувачки знаци со кои е работено од поранешна Југославија, република Македонија и од странство: YU5FAD, YT5FAD, YT5G, YT6A, YT6T, 4N5FAD, 4N5M, 4O/Z39Z, 4O3A, 4О3Т, 4O6A, 4O6DX, Z340FAD, Z350FAD, Z37FAD, Z37Z, Z39А, Z30М, Z30Z
Член на радиоаматерскиот клуб "Никола Тесла" од Гевгелија од 1979 год.
Член на меѓународниот клуб - "SKY Contest Club" од 2000 год.
Z37Y - Нов форум на интернет
- Детали
- Објавено: 20 Септември 2010
Новите интернет технологии се интересни за младите радиоаматери од Кавадарци. Од пред неколку дена имат активен форум за актнивностите во нивниот матичен радио клуб "Искра" http://z37y.freeforums.org а можете да станете и член на нивниот профил на најголемата социјална мрежа на светот фејсбук http://www.facebook.com/group.php?gid=152420141455186&ref=ts
Z38Z - Пикник
- Детали
- Објавено: 22 Август 2010
На 18 мај 2003 година на натпреварувачката локација на радио клубот Никола Тесла од Штип беше организиран пикник. На пикникот освен членовите на радио клубот, присутни беа, Војо - YU7AV, Венци - Z39Z (ex-Z32AF) и гостите од Германија Бабс - DL7AFS и Лотар -DJ7ZG. Во пријатна и релаксирачка атмосфера се разговараше за многу радиоаматерски теми но претежнуваше делот за дх експедиции бидејки Војо - YU7AV пред само година дена учествуваше на експедицијата на Conway Reef (3D2CI), штипјани имаа супер успешна контест експедиција во Турција додека брачниот пар Бабс и Лотар годишно реализираат по неколку експедиции во различни делови на светот.
Презентација на ДХ - експедиции
- Детали
- Објавено: 19 Август 2010
Во понеделник 21 јануари 2008 година по иницијатива на Хранислав Милошевиќ - Z32A/YT1AD, се одржа дружење на радиоаматерите од Македонија. Ова беше прилика на едно место да се најдат повеќето активни радиоаматери од државата. Во ресторантот "Нина" каде што се одржа дружењето беа презентирани дх експедиции на кои што организатор беше токму Хранислав. Некои од овие експедиции направија светски рекорди по број на одржани врски а коментарите на радиоаматерите низ целиот свет беа максимално позитивни за експедитивноста и квалитетот на операторите кои беа избрани од повеќе земји во светот.