Обозна - 2009

Средината на април месец 2009-та се одржа радиоаматерско дружење во близина на Виница на кое што присуствуваа радиоаматери од Битола, Виница, Гевгелија и Кочани.

Без дневен ред но со многу позитивна енергија беше организирана тркалезна маса на која се разговараше во текот на целиот ден. Во мноштвото теми кои се дискутираа најмногу внимание беше посветено на претстојниот шампионат на ИАРУ кој се одржува секоја година во месец јули. Главна цел беше да се согледаат можностите за учество на РСМ во категорија на национални организации под знакот Z30HQ, локации, опрема, оператори итн.

 

Според изнесеното, состојбата е ваква:

 

- Битола: 2 радио станици, 2 линеарни засилувачи, антенски систем: бим антена - TH3MK3. Оператори: Z31RM, Z31RQ, Z31TG, Z31WW.

Гевгелија: 2 радио станици, 2 линеарни засилувачи, вертикалка за 3,5 МХз, 4 SQ за 7 МХз, бим антена - TH3MK3. Оператори: Z33A, Z330, Z35F, Z39Z, Z30A.

- Кочани: 2 радио станици, 1 линеарен засилувач, антенски систем: 2 локации со бим - FB33 и 2 ел квад антена. Оператори: Z34M, Z35G, Z36A.

- Скопје: Владо - Z35M, кој е заинтересиран за учество со радио станица, линеарен засилувач и антенски систем. Локација на Трајко - Z35A која треба да се доработи и опрема која ја поседува.

 

Други опции:

 

- Куманово - во контакт со Моме - Z32ZM, спомената е локација во Куманово на која треба да биде поставенa 2 ел. Quad антена за горните фреквенции, радио станица и линеарен засилувач.

- Охрид спомената е локацијата и опремата на Драган - Z32AU.

- Штип договорено е да се стапи во контакт со радио клубот од Штип, за да се видат нивните размислување по ова прашање и можноста за учество.

- Останати оператори заинтересирани за учество во македонскиот HQ тим се: Z31MM, Z32CB, Z32M, Z33F, Z35W.

 

Присутните на радиоаматерското дружење се заложија во месец јуни да се договори уште една средба но овојпат на Велешкото езеро. На истата би се прецизирале финалните работи во врска со овој натпревар, локации, опрема, оператори, логистика итн.

 

Денот помина многу брзо со неодложна скара за која стандардно се грижи Мики - Z34M а најголемо пријатно изненадување на масата приреди Тодор Z31RM, кој припреми битолски специјалитет - кукурек.

 

                 

    

           

 

 

Вие сте на: Почетна Разно Обозна - 2009