CQ WW WPX CW 2002 - Z39Z

z39z selemli За телеграфскиот дел на CQ WW WPX требаше да патувам за Црна Гора и да бидам дел од мулти сингл тимот на YT6A, но три дена пред натпреварот морав да го откажам патувањето. Бидејки бев доста зафатен во деновите кога се одржува овој натпревар преку ден единствена добра солуција беше да работам на 3.5 МХз од нашата натпреварувачка локација која се наоѓа во близина на селото Селемлија. Пред почетокот на натпреварот поставивме антени за повеќе опсези а за мене резервиран делта луп антената со која во фонискиот дел на овој натпревар поминав одлично. За разлика од фонискиот дел (последен викенд Март месец) кога времето беше како да сме на антарктик сега беше одлично, последен викенд на мај месец и моравме да бидеме многу претпазливи бидејки на локацијата врие од змии.

Според договорот што го направивме пред натпреварот јас повторно ке работам на специјалниот клубски знак Z39Z а останатите на личните повикувачки знаци но на други фреквенциски подрачја.

Конечно дојде 00:00 по гринич и натпреварот започна. Од самиот старт pile up, првите 10 минути имам точно 30 врски во дневникот а првиот час го финиширам со одработени 93 - одлично само вака да потрае. И во следниот час оди добро и го завршувам со 171 врска а во 04:03 ја одржувам последната врска пред паузата која трае до вечерта со OM4TC на кој му давам реден број 270.

Преку денот го прегледав дневникот и констатирав дека добро се носам со конкурентите за место меѓу првите 10 во светот.

Повторно се активирав во 18:55 кога одржав врска со RK9AY и пак повторно pile up не како на почетокот на натпреварот но не можам да се пожалам. До крајот на вечерта (25 Мај) логирам 532 врски а последен во дневникот е познатиот фински натпреварувач OH1XX кој не се z32af-bogdanci натпреваруваше озбилно овој пат и ми даде реден број 253. Прв контакт во новиот ден ми е DM3PKK но веќе ја нема гужвата која што беше до пред некој час, нови врски се поретко логирам но и на оние кои што ми се конкуренција не им оди подобро. Добро се изнамачив да стигнам до реден број 600 кога го одработив американскиот натпреварувач - WC4E кој воедно ми е нов множител. Сабајлето завршив во 03:54 а последната врска под реден број 616 ја одработив со OM7AG. Штом сонцето изгрее во овој период од годината веќе нема што да се бара на овој опсег и нема што да се работи се додека не зајде па следеше нова пауза до финалните неколку часа од овој натпревар кој се уште важи за број 2 во светот.

Во 17:02 по гринич повторно вклучување на станица и пак во лудницата од сигнали измешани со атмосферски пречки кои се сосема нормални за овој дел од годината. Натпреварот го завршив со одржани 774 врски и последен во дневникот се најде SP7HOR, интересно е дека последниот час одржав само 17 врски но повеќето беа множители меѓу кои: OY1CT, TU2MA, 7X0DX, ZC4DW итн.

Објавените резултати од натпреварот беа и повеќе од задоволувачки, во категоријата во која учествував го освоив 3-то место во светот и 2-ро во Европа (нов Македонски Рекорд), додека првото со нов светски рекорд го освои Зоран – TA0/Z33F натпреварувајки се од Турскиот остров Bosczada, кој се наоѓа во Азија.

3.5 MХз - Топ 5 Резултати

1. TA0/Z33F 1,452,552 
2. RV2FW 760,886 
3. Z39Z (Z32AF) 630,360
4. YU1KX 402,435 
5. OK1RR 395,632 

Вие сте на: Почетна КБ - УКБ Активности CQ WW WPX CW 2002 - Z39Z