CQ WW CW 2009 - K5GO

k5go_mixНа покана од Stan - K5GO решив за CQWW CW да работам од неговата локација. Тоа е во државата Арканзас на околу 4 часа возење од кај мене. Претходно доста луѓе ми имаат кажувано за оваа локација и сите збореа во суперлативи не само за опременоста на истата туку и за гостопримството и фините луѓе така да не ми требаше многу мислење за да ја прифатам понудата. И така петок сабајле пред контестот ја ,,летнав,, за Арканзас, преку Мисури. Местото се вика Харисон и е скоро на самата граница со Мисури на северо западниот дел од Арканзас.

Повеќе: CQ WW CW 2009 - K5GO

CQ 160 M - 2010

z37m - lokacijaПо две годишна пауза од овој натпревар, решивме оваа година малку да се контестираме и пак да го осетиме филингот на Топ бандот ! Очекувавме до овој натпревар да биде готов барем еден од помоќните линеари ама ... за жал не бидна тоа па се задоволивме со Акомот на Докторот со некои 700/800 w. Планот беше и поставување на "Inv - L", неколку бевериџа ама ладното време не одврати од тие намери, па останавме само со "Inv-Vee".

Повеќе: CQ 160 M - 2010

Z37M - ARRL CW 2009

z36wЕден од по интересните натпревари е секако и ARRL DX контестот, пред се поради големата активност на американските радиоаматери. Првичните планови беа активирање на два опсега (синглови) од кои на 7 мхз ке биде Z37M (op Z36W), а на 3,5 мхз требаше да работи Озрен -  Z35T. Спречен од работните обврски Озрен не можеше да дојде па активноста беше само на 7 МХз и делумно на 14 мхз.

Повеќе: Z37M - ARRL CW 2009

CQ WW WPX SSB - 2002

wpx ssb 2002 ant

По одличните резултати кои ги постигна Венци Ристов Z32AF (сега Z39Z) од Гевгелија натпреварувајќи се како 4O6A  во ARRL CW SSB од локацијата на YT6A (сега 4O3A) на ред дојде еден од најголемите натпревари CQ WW WPX SSB.  За овој натпревар гевгеличаните: Венци – Z32AF, Благој - Z32RS,  Џоко - Z33A и Златко - Z33AA отидоа повторно на нивната локација во близина на Гевгелија од каде што работеа 4 оператори на 4 различни фреквенции во конкуренција на еден натпреварувач.

Повеќе: CQ WW WPX SSB - 2002

CQ WW WPX CW - 2004

z32af wpx cw 04Вториот по популарност радиоматерски натпревар на кратки бранови е секогаш предизвик и да се учествува но и озбилно да се работи. Последните неколку години имав добри резултати на 3.5 МХз, па затоа решив и оваа година повторно да учествувам но од просториите на радио клубот во Гевгелија. Самата местоположба на радио клубот и антената која е обичен дипол поставен пред 20-на години не овозможуваат услови за добар пласман во натпреварите, особено не во најпопуларните кај што има огромна масовност од целиот свет. Десетина дена пред натпреварот незнам што ми стана па решив да го одработам на начин на кој што работевме во минатото на личниот повикувачки знак Z32AF.

Повеќе: CQ WW WPX CW - 2004

Вие сте на: Почетна КБ - УКБ Активности