- Детали
-
Создадено: 08 Септември 2010
-
Објавено: 08 Септември 2010
Викендот што помина штипјанецот Димитар Гарпов - Z33DGM го искористи да учествува во натпревар на кратки бранови користејки дигитален мод на работа RTTY . Во натпреварот кој секоја година го организира федерацијата на руските радиоаматери и списанието "РАДИО" Димитар постигна резултат од 382.270 поени на опсегот од 14 МХз за што му беа потребни да одржи 606 радио врски со 86 држави во светот. Опремата која е користена за натпреварување е стандардната на радио клубот од Штип и се наоѓа на нивната веќе многу позната локација на аеродромот Сушево во близина на градот. Димитар во овој натпревар работеше на клубскиот знак Z37M.