CQ WW WPX SSB - 2002
- Детали
- Објавено: 09 Септември 2010
По одличните резултати кои ги постигна Венци Ристов Z32AF (сега Z39Z) од Гевгелија натпреварувајќи се како 4O6A во ARRL CW SSB од локацијата на YT6A (сега 4O3A) на ред дојде еден од најголемите натпревари CQ WW WPX SSB. За овој натпревар гевгеличаните: Венци – Z32AF, Благој - Z32RS, Џоко - Z33A и Златко - Z33AA отидоа повторно на нивната локација во близина на Гевгелија од каде што работеа 4 оператори на 4 различни фреквенции во конкуренција на еден натпреварувач.
Во меѓусебниот договор Венци го доби опсегот од 3.7 МХз и рабoтеше на специјалниот клупски знак Z39Z. Опрема со која учествуваше во натпреварот се состоеше од: TS-440S, засилувач со GU-81M (најчесто околу 500 W) и делта луп антена на која горниот дел и беше на околу 15 метри над земја а долниот дел нешто повеќе од 1 метар. Натпреварот помина одлично и ако не се појавеше американскиот радиоаматер со повикувачки знак KR9A во недела сабајлето да повикува нанеговата фреквенција во моментот кога имаше одлични пропагации за САД и Канада каде што залудно е изгубено многу време и барем 30-50 врски преку барата ке имаше можност за уште подобар пласман.
На крај гевгеличанецот го заврши натпреварот со одржани 807 врски, но по прегледот од страна на натпреварувачката комисија останаа исправни 783, минусирани се близу 40.000 поени, но и ова беше доволно за нов македонски рекорд и освоено 4-то место во светот а 3-то во Европа.
Од Македонија одржани се радио врски со: Z31GX, Z31PK, Z32LM, Z35A, Z35M, Z36W и Z37GBC. Од нашиве кои беа активни од други држави воспоставени се контакти со: 3V8BB и DJ0LZ.
Пласман на 3.7 Мхз
•1. I4AVG 1,177,689
•2. S59CAB (S53MM) 940,008
•3. AA1BU 832,870
•4. Z39Z (Z32AF) 815,634
•5. LZ8T 789,488