4O6A - ARRL SSB 2002
- Детали
- Објавено: 07 Септември 2010
По завршувањето на телеграфскиот дел на ARRL се договоривме да го работиме и фонискиот дел на овој натпревар во истите категории. Како добар познавач на патот до Игало во траење од 27 часа и преместувањето од воз во воз а на крај како промена и автобус се одлучив да тргнам на пат во четврток сабајле па би требало да бидам кај Ранко YT6A (сега 4O3A) во фирмата некаде околу 11 часот во петок. Патувањето беше супер, добра клапа од почетокот до крајот на патувањето што ме чинеше уште еден ден без спиење. Како што му ветив на Предо – YU7EU (сега SK) купив еден пакет лименки Скопско пиво но на патот помеѓу Ниш и Подгорица не остана ништо освен празните лименки. Во Игало стигнав малку пред 11 часот а во SKY – SAT се појавив по 12 часот.
Комплетната репортажа за оваа контест експедиција може да се прочита во пдф документот.