CQ 160 M - 2010
- Детали
- Објавено: 12 Септември 2010
По две годишна пауза од овој натпревар, решивме оваа година малку да се контестираме и пак да го осетиме филингот на Топ бандот ! Очекувавме до овој натпревар да биде готов барем еден од помоќните линеари ама ... за жал не бидна тоа па се задоволивме со Акомот на Докторот со некои 700/800 w. Планот беше и поставување на "Inv - L", неколку бевериџа ама ладното време не одврати од тие намери, па останавме само со "Inv-Vee".
Првата ноќ ја минеме солидно, немаше некој голем шум па и со диполот се слушаше по некој DX, но сепак многу ни фалеше еден бевериџ барем во правец на САД. Утрото го завршуваме со преку 600 врски што не беше лошо. Ладно не ладно, со Крсте – Z35X одлучивме сепак да наместиме еден бевериџ и така набрзина еден од постојните го продолживме за едно 90-ина метри и добивме 268 метри долг бевериџ, според мерките на W3LPL. По еден час работа приемната антена беше поставена. Пред тоа Крсте направи и мини loop за прием, така да за следната вечер имавме две приемни антени. Бевериџот одлично работеше и благодарение на истиот одработивме неколку добри множители.
Втората вечер логираме нешто помалку од 600 врски па заедно со одработените врски од првата вечер имаме вкупно 1160. Неделата до крајот на контестот логираме уште 170 врски и завршуваме со конечен резултат од 1330 врски, 31 USA/VE провинција и 71 земја. Сето тоа даде скор од околу 760.000 поени што е наш досега најдобар резултат во овој натпревар !! Останаа неработени повеќе множители ... PJ2T, 9M2AX, PQ0W, YE1C, како и некој држави во состав на САД кои ги слушавме ама не успеавме да ги одработиме (Washington, Nebraska) и други. Заклучивме дека сепак 700/800w. се малку за овој банд. Во секој случај сме задоволни од постигнатото, бидејки претходно спомнав дека е ова нашиот најдобар резултат во овој натпревар па од тие причини и не може а да не сме задоволни.
Од поинтересните врски би ги издвоил ZF2BJ, SU9HP, YV5AMK, JT1CO, А7/M0FGA и неколу PY стaници. Од USA стејтови се работени: Utah, Montana, Nord Dakota, Iowa, Colorado и др. Пред и по натпреварот работени се: 9M2AX, XU7ACY, PY0FF и др.
Екипата за овој натпревар беше во состав Др.Озрен Z35T, Крсте Z35X, Венцо Z36W и Роберто Z3-SWL-1. Морална подршка имавме од Игор Z32ID и Тоне Z36N.