- Детали
-
Објавено: 12 Септември 2010
Еден од по интересните натпревари е секако и ARRL DX контестот, пред се поради големата активност на американските радиоаматери. Првичните планови беа активирање на два опсега (синглови) од кои на 7 мхз ке биде Z37M (op Z36W), а на 3,5 мхз требаше да работи Озрен - Z35T. Спречен од работните обврски Озрен не можеше да дојде па активноста беше само на 7 МХз и делумно на 14 мхз. На 7 МХз условите просечни, во одредени делови од ноќта одлични но во одредени лоши со многу слаби сигнали. Инаку активноста голема така што фреквенцискиот опсег од (7000 до 7100) беше целиот зафатен. Натпреварот го завршив со 877 врски, 56 множители и резултат од 147.336 поени. Од Американските држави остана не работена само Норт Дакота. И овој пат "Bobtail" антената се покажа како добра солуција со оглед на тоа дека на овој банд, засега, немаме услови за некоја подобра усмерена антена. Опремата со која работев се состоеше од: 700-800 W, FT-1000 MP и "Bobtail" антена.
Во неделата вечерта околу 18.00 часот на 14 мхз, онака релаксирачки делев поени и опсегот одеднаш се затвори, се слушаа само неколку европски станици, за половина час бандот повторно се отвори повикав неколку пати и одеднаш pile-up како во старите добри времиња. Сигналите беа многу јаки од цела Америка истовремено. За час и половина одржав 260 врски и околу 47 множители.
Од нашите, видов спотувања на кластер од Блажо - Z35F и Крсте - Z35X.