Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Извештај - World Wide Award 2026
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ
- Објавено: 01 Мај 2026
РАДИОАМАТЕРСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНАТА РАДИОАМАТЕРСКА АКТИВНОСТ
WORLD WIDE AWARD - 2026

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија се вклучи во периодот од 1 до 31 јануари 2026 година во светската радиоаматерска активност WORLD WIDE AWARD - 2026 со специјалниот повикувачки знак Z30WWA.
Со 10 активни учесници нашиот сојуз придонесе за афирмација на радиоаматеризмот и на РСМ во светот.
Вкупно остварени врски на светско ниво: 5.194.430
Придонес на РСМ: 39.808 радиоаматерски врски

Учесници и постигнати врски:
- Кирко Мирчевки – Z33B → 9.020 врски
- Звонко Стаменков – Z35W → 7.254 врски
- Боби Петковски – Z33PB → 6.640 врски
- Радиоаматерски клуб Битола Z37CEF „Стево Патако“ → 6.414 врски
- Сашо Талевски – Z33ST → 4.630 врски
- Зоран Гроздановски – Z32U → 2.624 врски
- Петар Јовевски – Z31PET → 2.006 врски
- Трајчо Богатинов – Z31R → 703 врски
- Ѓоко Ѓорѓевиќ – Z35U → 295 врски
- Борис Гонев – Z32X → 82 врски

Освоени дипломи (како ловци):
- 26. место во CW мод – 17.952 валидни врски
- 42. место во DIGIT мод – 16.409 валидни врски
- 47. место во MIXED мод – 39.668 валидни врски
- 68. место во SSB мод – 5.307 валидни врски
Освоени се и златни медали. Дипломите и медалите можат да се подигнат со плаќање од 15 евра по диплома.
Вториот дел од активноста (JULI SPRINT AWARD) ќе се одржува од 1 до 10 јули 2026 година.
Скопје, 09.02.2026
Претседател:
Ѓоко Ѓорѓевиќ – Z35U