Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Long Wire антена
- Детали
- Категорија: Стручни написи
- Објавено: 14 Јануари 2011
Long Wire одн. долга жица e наједноставната за конструирање и поставување антена која што се употребува од радиоаматерите. Под долга жица обично се подразбираат должини на антената кои што изнесуваат најмалку една или повеќе бранови должни од работната фреквенција на која што се употребува. Сепак, радиоаматерите како Long Wire антени (скаретно LW) ги нарекуваат ваквиот тип антени направени од било која произволна должина на жицата (random wire).
Активирање од Бутела, Хераклеа, WCA Z3-00012
- Детали
- Категорија: WCA - Македонија
- Објавено: 10 Јануари 2011
![]() |
Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award, радиоаматерот Владо, Z35M на ден 09.01 2011 год. по прв пат реализираше активирање од битолско Тумбекафе во близина на археолошкиот локалитет Хераклеа, во чија што непосредна близина се наоѓаат остатоци од тврдината Бутела, WCA реф. Z3-00012.
За период од три часа воспоставени се вкупно 53 CW QSOa на 20 м и 30 м опсег со употреба на батериски напојуван K1 со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на 5 м висина.
Зимско активирање од Национален Парк Пелистер, Z3FF-003
- Детали
- Категорија: WFF - Македонија
- Објавено: 10 Јануари 2011
![]() |
На ден 08.01 2011 радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WFF - World Flora and Fauna, го реализираше првото зимско активирање од Национален Парк Пелистер, WFF реф. Z3FF-003. За период од еден час воспоставени се 38 CW QSOa на 20 м опсег. Од опрема користен е батериски напојуван K1, со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на гранка од молика.
Повеќе: Зимско активирање од Национален Парк Пелистер, Z3FF-003
Кевин Митник во Македонија
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 17 Декември 2010
Најпознатиот поранешен светски хакер Кевин Митник беше во Македонија овие денови. Настанот го отвори Министерот за информатичко општество Иво Ивановски а Кевин пред македонската публика одржа предавање за најновите и најдобрите методи на компјутерска безбедност.
Во текот на предавањето тој ги презентираше и своите две најпродавани книги "Уметност на измама" и "Уметност на пробивање" преку кои практично им покажува на компаниите како да спречат напади врз нивните информатички бази.
Настанот доби голем публицитет во медиумите а организаторот изработи и веб страница
Кевин е радиоаматер и по излегувањето од затвор со месеци се обидуваше повторно да добие лиценца за работа на радио станица. Неговиот повикувачки знак е N6NHG.
Прво SOTA активирање од врвот Рамно на Скопска Црна Гора
- Детали
- Категорија: SOTA - Македонија
- Објавено: 13 Декември 2010
На 08.12 2010 год. радиоаматерите Владо, Z35M и Дамјан, Z35BY го реализираa првото активирање од Рамно, 1651 м, највисокиот врв на Скопска Црна Гора, SOTA реф. Z3/ЕМ-006.
За период од околу час и половина воспоставени се вкупно 49 радиоврски на 7 МHz и 14 MHz.
Користена опрема: радиоуреди Elecraft K1 со излезна моќност од 7 W на телеграфија и Icom IC-7000 со излезна моќност од 50 W до 5 W на фонија, 12 V, 7 Ah батерија, LDG автоматски антенски прилагодувач, и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.
Ова беше прво SOTA активирање на Дамјан, Z35BY, и шеесет и шесто на Владо, Z35M.
Повеќе: Прво SOTA активирање од врвот Рамно на Скопска Црна Гора
Освоена дипломата Summit to Summit Award - 100 Contacts
- Детали
- Категорија: SOTA - Македонија
- Објавено: 17 Декември 2010
