Радиоаматерски Сојуз на Македонија
KSQP - 2010
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ Натпревари
- Објавено: 06 Септември 2010
![]() |
Последниот викенд во август месец беше ново искуство за Драган - K0AP (Z32XX) кој неколку години живее и работи во Канзас - САД. На покана од Роб - K0RU да активираат повеке каунти (области) во Kansas qso party, веднаш се согласи и планот беше направен. За 2 дена според планот требаше да поминат 1700 км и да активираат дури 50 области. За оваа прилика Роб купи нов форд 150 4Х4 во кое ја инсталираа потребната опрема. За експедицијата да биде што поуспешна од опрема користеа: радио уред FT-857, линеарен засилувач ALS-500, APRS радио уред, APRS антена,Tarheel HP200 антена, 2 лаптоп компјутери и друга приклучна и неопходна опрема. Но секогаш мора да има некој проблем па така линеарецот им работи како треба само на 14 МХз каде што можат да емитуват со 500 W а на другите опсези исклучува, проблем имаат и со едниот лаптоп на кој што е инсталиран ГПС за да знаат точно каде се наоѓаат - многу важно за ваков начин на активирање на области.
Патешествието на Драган и Роб во интегралниот текст на англиски јазик можете да го прочитате во пдф фајлот.
SOTA - Z3 ранг листа
- Детали
- Категорија: SOTA - Македонија
- Објавено: 16 Август 2010
![]() |
K1B - Baker Island
- Детали
- Категорија: Рекорди
- Објавено: 16 Август 2010
![]() |
Z32ZM - Интернационална активност
- Детали
- Категорија: Z3 - DX Експедиции
- Објавено: 15 Август 2010
Моме Димовски од Куманово е еден од најпознатите радиоаматери во Македонија. Во изминатите години беше активен од повеќе DXCC земји и беше учесник на мега дх - експедициите што ги организираше Хране Милошевиќ - Z32A /YT1AD.
CQ WPX RTTY - 2010
- Детали
- Категорија: Рекорди
- Објавено: 15 Август 2010
![]() |
CQ WW WPX RTTY 2009 - Светски рекорд
- Детали
- Категорија: Рекорди
- Објавено: 13 Август 2010
![]() |
Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).




