CQ WW WPX RTTY 2009 - Светски рекорд

Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).

Во 2009 год. неговата локација повторно беше активирана од радиоаматери од Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора кои користејки ги врвните услови и техника поставија нов светски рекорд во второто по масовност светско натпреварување CQ WW WPX RTTY. Извонредно интересен текст на еден од учесниците во овој натпревар Драган - 4O4A, може да прочитате на српски јазик во пдф документот.

Вие сте на: Почетна Рекорди CQ WW WPX RTTY 2009 - Светски рекорд