Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Првата ППС во Македонија
- Детали
- Категорија: Историја на РСМ
- Објавено: 29 Мај 2010
Првата примо-предавателна секција во Македонија е формирана во 1951 година во Радио Клубот “Вардар“ од Скопје – YU5APQ.
Основачи се група ентузијасти: Стево Спировски, Божидар Станковиќ, Тихомир Ѓурчевски, Димче Цвтековски, Стојмир Павловски, Александар Стефановски, Перо Ивановски, и др.
Со помош на членовите на овој радио клуб се формираат радио клубови во други градови во Македонија, и тоа во Струмица, Велес, Куманово, Битола, Прилеп и др.
Периодични публикации на РСМ
- Детали
- Категорија: Историја на РСМ
- Објавено: 29 Мај 2010
Првиот Билтен на РСМ е издаден во октомври 1957 година. Во него е објавено обраќање до членството на претседателот на РСМ Богољуб Теофиловски, како и содржини од активноста на радио клубовите. Во редакцискиот одбор се Перо Ивановски - Z31DA, Никола Сотировски и Иван Катиќ. Уредник е Ристо Марковски.
Во вториот Билтен издаден во март 1958 година даден е преглед на активностите на клубските примопредавателни секции и на радиоаматерите кои работат од свои лични радиостаници.
Во август 1996 година почна да излегува месечен билтен „АРО" кој главно е наменет за КБ и УКБ радиооператорите. Во него се опфатени теми за радиооператорите од сите класи, вклучително и за најмладите. Во првиот уредувачки состав се Владимир Ковачески - Z35M и Добрица Петковиќ - Z31B, а потоа уредувањето го превзема Звонко Стаменков - Z35W.
Членови на РСМ даваат свој придонес со соработка и објавување прилози во списанијата: „Радиоаматер" од Белград, „Емитер" од Скопје, "CQ Amateur Radio" и "The DX Magazine" од САД, "The DX Magazine - 59" од Јапонија, и др.
50 ГОДИНИ РАДИО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ПОЧЕТОЦИ, РАЗВОЈ, ДОСТИГНУВАЊА
- Детали
- Категорија: Историја на РСМ
- Објавено: 29 Мај 2010
Монографија од авоторот Перо Ивановски - Z31DA, издадена во 1996 година по повод 50 годишниот јубилеј на РСМ (1946-1996). Авторот на 133 страници во 3 поглавја со вкупно 19 наслови прави историски преглед на почетоците, развојот, активностите, предизвиците и достигнувањата на РСМ во 50 годишниот период на постоење.
Прва радиоаматерска врска од независна Република Македонија
- Детали
- Категорија: Историја на РСМ
- Објавено: 26 Мај 2010
Учество на радиоаматерскиот сојуз на Македонија во меѓународен кусобранов натпревар - 2009 год.
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ Натпревари
- Објавено: 26 Мај 2010
Натпреварите во оддржување радиоврски во етер претставуваат значајна активност на радиоаматерите.
Вакви натпревари се одржуваат секој викенд.
Секој втор викенд во месецот јули се оддржува меѓународниот кусобранов натпревар “IARU HF CHAMPIONSHIP” во организација на Меѓународната радиоаматерска унија – ИАРУ, во која што членува и Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
По неколкугодишна пауза, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во 2009 година настапи со екипа од повеќе искусни радиооператори кои што од неколку локации во Република Македонија се натпреваруваа во категоријата на HQ станици, односно станици кои што го претставуваат седиштето на националната радиоаматерска организација. За оваа намена беше користен и специјалниот повикувачки знак Z30HQ.
Учесниците за период од 24 часа колку што трае натпреварот оддржуваа радиоврски со радиоаматери од што е можно повеќе различни локации во светот.
Се работеше на шест кусобранови фреквентни опсези (160, 80, 40, 20, 15 и 10 м)
Со употреба на емисиите CW – телеграфија (морзеова азбука) како и Phone - фонија (употреба на говор)
Покрај постојните антенски инсталации беа поставени и други антени, главно со насочено дејство. Опремата што се користеше е од радио клубовите, како и од радиоаматери поединци.
Досега македонските радиоаматери на вакви меѓународни кусобранови натпревари повеќепати се имаат пласирано на врвот од табелата и поставувале континентални и светски рекорди.
WFF активирање од Национален Парк Галичица , Z3FF-001
- Детали
- Категорија: WFF - Македонија
- Објавено: 26 Мај 2010
За период од два часа остварени се вкупно 102 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.