Учество на радиоаматерскиот сојуз на Македонија во меѓународен кусобранов натпревар - 2009 год.
- Детали
- Создадено: 26 Мај 2010
- Објавено: 26 Мај 2010
- Напишано од Super User
Натпреварите во оддржување радиоврски во етер претставуваат значајна активност на радиоаматерите.
Вакви натпревари се одржуваат секој викенд.
Секој втор викенд во месецот јули се оддржува меѓународниот кусобранов натпревар “IARU HF CHAMPIONSHIP” во организација на Меѓународната радиоаматерска унија – ИАРУ, во која што членува и Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
По неколкугодишна пауза, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во 2009 година настапи со екипа од повеќе искусни радиооператори кои што од неколку локации во Република Македонија се натпреваруваа во категоријата на HQ станици, односно станици кои што го претставуваат седиштето на националната радиоаматерска организација. За оваа намена беше користен и специјалниот повикувачки знак Z30HQ.
Учесниците за период од 24 часа колку што трае натпреварот оддржуваа радиоврски со радиоаматери од што е можно повеќе различни локации во светот.
Се работеше на шест кусобранови фреквентни опсези (160, 80, 40, 20, 15 и 10 м)
Со употреба на емисиите CW – телеграфија (морзеова азбука) како и Phone - фонија (употреба на говор)
Покрај постојните антенски инсталации беа поставени и други антени, главно со насочено дејство. Опремата што се користеше е од радио клубовите, како и од радиоаматери поединци.
Досега македонските радиоаматери на вакви меѓународни кусобранови натпревари повеќепати се имаат пласирано на врвот од табелата и поставувале континентални и светски рекорди.