- Детали
-
Објавено: 20 Мај 2010
Денеска во општина Штип градоначалникот Панде Сарев додели признанија на најдобрите спортисти. За прв пат е доделено и признание на радио аматер за врвно достигнување во светски натпревар. Зоран Милев го доби ова признание за поставување на нов светски рекорд во натпревар кој се одржува преку радио бранови. За да го постигне овој голем успех тој за земја од каде ќе се натпреварува ја избра Тунис. Ова е втор светски рекорд на Зоран во истиот натпревар, првиот беше поставен во 2002 година натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада. Дека во Штип радио аматерските натпревари се сметаат како спортска дисциплина е и признанието што му го додели и сојузот на спортови од истоимениот град.