Прво SOTA активирање од врвот Рамно на Скопска Црна Гора
- Детали
- Објавено: 13 Декември 2010
На 08.12 2010 год. радиоаматерите Владо, Z35M и Дамјан, Z35BY го реализираa првото активирање од Рамно, 1651 м, највисокиот врв на Скопска Црна Гора, SOTA реф. Z3/ЕМ-006.
За период од околу час и половина воспоставени се вкупно 49 радиоврски на 7 МHz и 14 MHz.
Користена опрема: радиоуреди Elecraft K1 со излезна моќност од 7 W на телеграфија и Icom IC-7000 со излезна моќност од 50 W до 5 W на фонија, 12 V, 7 Ah батерија, LDG автоматски антенски прилагодувач, и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.
Ова беше прво SOTA активирање на Дамјан, Z35BY, и шеесет и шесто на Владо, Z35M.