WMA - World Mountain Award
- Детали
- Објавено: 17 Мај 2010
![]() |
WMA (World Mountain Award) во рамките на WFF (World Flora and Fauna) е нова радиоаматерска програма за активирање од планини (ова е значително полесно од SOTA каде што активирањето мора да се изведе од самиот врв со носење на целокупната опрема од самиот оператор).
На светската листа планини ставена е и Македонија (едноставно ги препишале податоците од СОТА елаборатот за врвовите / планините повисоки од 1000 м и им дале соодветни референтни броеви пр. Z3M 01 - 01 Руен - Осогово, Z3M 02 -01 Голем Кораб, i taka do Z3M - 02 -51 Крстовар – Водно).
За разлика од СОТА каде што има строги правила за употреба на батериско, соларно и друго еколошко напојување, во WMA може да се работи и од фиксна локација приклучена на електрична мрежа, од возило и сл. Правилата на WMA сеуште не се преведени од руски јазик. (менаџери се UA3LAFи LZ1ZF)
Z30GOCE - 2024 4-ти мај, помен за убиството на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев
- Детали
- Објавено: 15 Мај 2024
Z30GOCE – 2024
Радиоаматерскиот Сојуз на Македонија, за 4-ти мај, поменот за убиството на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев спроведе десетдневна активност од 01 до 10 мај работејки на радиоаматерските краткобранови фреквенции и модови за работа со специјалниот повикувачки знак Z30GOCE.
Во аваа активност учество зедоа седум радиоаматери од Македонија одржувајки радиоаматерски врски со радиоаматери од целиот свет при што се одржани 1763 радиоаматерски врски.
На 4 и 5 мај симболично зедовме учество во радиоаматерскиот натпревар во телеграфија ARI International DX Contest организиран од радиоаматерската асоцијација на Италија.
За таа цел изработени се банер, qsl-картичка и пано со ликот на Гоце и активаторите кои зедоа учество.

пано

qsl
Учество зедоа:
- Вилма Јовановска - Z33YL
- Трајчо Богатинов - Z31R
- Благој Љатев - Z35F
- Боби Петковски - Z33PB
- Тодор Тодоровски - Z31RM
- Владимир Близнаковски-Z36V
- Кирко Мирчевски -Z33B
Благодароност за учесниците.
Z33B, К. Мирчевски
Активности од 915 Mhz до 24 Ghz
- Детали
- Објавено: 24 Април 2023

На следниот линк https://shorturl.at/u1578 ке видите радиоаматерски активности на микробраново подрачје од 915 Mhz до 24 Ghz на нашите истакнати членови Дејан - Z31RQ и Николче - Z32TW од радио клубот Стево Патакот - Z37CEF од Битола. Презентација беше одржана на собирот на РСМ Велешко езеро на 22.04.2023.
2010 г. - Z35M / пешак mобил на КБ
- Детали
- Објавено: 10 Септември 2010
Последните неколку месеци Владо - Z35M постојано изненадува со неговите активирањa од најразлични локации.
На 09.09 2010 за прв пат во Македонија работеше како пешак мобил на кратки бранови и тоа од врвот на Водно. За да го реализира овој несекојдневен потфат малку ја измени опремата со која досега активираше многу врвови, тврдини и национални паркови во државата. Со овој начин на активирање бројот на одржани радиоврски не е во преден план, но, и покрај тоа, Владо под свoјот повикувачки знак Z35M/PM за еден час на 20 метарскиот опсег успеа да реализира 20 контакти, и тоа на CW, со радиоаматери од повеќе земји, а првата историска радиоврска е одржана со украинецот Мајк - UR5IF/qrp.
Кавадарчанец стана радиоаматерски европски првак
- Детали
- Објавено: 22 Јуни 2010
![]() |
Дарко Трајков, ученик во прва година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, на Европското првенство во брзо примање и предавање знаци од Морзеовата азбука, што се одржа во Порденоне, Италија, освои златен медал.
Преземено од - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=50DA54B973499A4392DB3593598D8734

