CQ WW WPX RTTY 2009 - Светски рекорд
- Детали
- Објавено: 13 Август 2010
![]() |
Меѓународните натпревари на кратки бранови се одржуваат секој викенд но само за неколку од нив илјадници радиоаматери се подготвуваат специјално а многумина патуваат на различни места во светот да учествуваат и да постигнат што подобар пласман во овие натпревари. Во Европа постојат десетина натпреварувачки локации кои овозможуваат врвни пласмани, една од тие локации се наоѓа во Црна Гора и е во сопственост на Ранко Боца, во радиоаматерскиот свет познат како 4О3А (порано YT6A).
V55V - CQ WW SSB Рекорд
- Детали
- Објавено: 13 Август 2010
![]() |
Македонскиот радиоаматер Владимир Карамитров - (Z35C, N3CZ итн.) ја посети Намибија специјално за најпопуларниот радиоаматерски натпревар CQ WW SSB во 2004 година. По овој повод од ресорното министерството доби специјален повикувачки знак V55V. Според правилата на овој натпревар се работи 48 часа во кои Владо успеа да одржи 3438 радио врски со 140 земји од светот и постигна резултат поголем од 5 милиони поени. Овој рекорд е се уште е важечки за зоната 38 во која се наоѓаат повеќе земји од Африка.
43.300 радиоврски вo една година
- Детали
- Објавено: 08 Јуни 2010
![]() |
Крајниот резултат беше одржани вкупно 43.300 радиоврски со што неформално постави Европски Рекорд, кој воедно е трет најдобар резултат на сите времиња во Свет.
Користена е кусобранова радиоопрема со максимална излезна моќност од 400 W, а антенскиот систем се состоеше од 2 ел. QUAD и 3 ел. YAGI за 20/15/10 м, дипол за 80 м, како и GAP мултибанд вертикална антена за останатите фреквентни опсези.
Светски рекорд - Z33F
- Детали
- Објавено: 10 Мај 2010
![]() |
Првиот Светски рекорд за македонски радиооператор е поставен во 2002 во CQ WPX CW 80m HP. Штипјанецот Зоран Милев натпреварувајќи се од турскиот остров Бозкада во еден од најпознатите радиоамaтерски натпревари во организација на американското списание CQ Magazine успеа да постигне извонреден резултат. И покрај тоа што поминаа 8 години овој резултат е сеуште рекорд на Азија.
Редоследот на првите 3 натпреварувачи во светот:
1. TA0/Z33F 1,452,552
2. RV2FW 760,886
3. Z39Z (Z32AF) 630,360
JARTS RTTY 2009
- Детали
- Објавено: 30 Септември 2010
Јапонското радиоаматерско телепринтерско друштво деновиве ги објави резултатите на натпреварот што го организираа заедно со јапонскиот огранок на CQ Magazine 2009-та година.
Плакетата за освоено прво место во светот наскоро ке пристигне во Македонија кај Тоне Петров - Z36N, кој што одработи 1895 врски во категоријата - еден оператор, сите опсези.



