Кавадарчанец стана радиоаматерски европски првак

Дарко Трајков, ученик во прва година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, на Европското првенство во брзо примање и предавање знаци од Морзеовата азбука, што се одржа во Порденоне, Италија, освои златен медал.

Преземено од - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=50DA54B973499A4392DB3593598D8734

На 78 години освојува медали

Единственото прво место во натпреварот во аматерска радиогониометрија, што изминатиот викенд се одржа во Пробиштип, го освои ветеранот на македонското радиоаматерство, скопјанецот од Прилеп, 78-годишниот Методија Најчевски. Веб врска http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2744&stID=53886

Одржано вонредно изборно Собрание на РСМ

На 23-ти ноември во зградата на Собранието на Свети Николе се одржа вонредно изборно Собрание на радио аматерскиот сојуз на Македонија. На собранието за претседател на РСМ беше избран Звонко Стаменков долгогодишен активист и познат радио аматер во земјава и странство. Веб врска http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=45142&kategorija=1

Стружанецот Владимир Ковачески годинава постави европски рекорд

Радиоаматерот Владимир Ковачески од Струга (со личен повикувачки знак Z35M), во текот на 2001 година постави европски рекорд во бројот на одржани радиоврски во текот на една година - со вкупно 43.300 врски. Веб врска http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1744&stID=8821

Радиоаматерите на „Никола Тесла“ светски вицешампиони

Радиоаметерите на Никола Тесла од Штип го освоија второто место во светот, во рамките на Светскиот радиотелепринтерски куп, во категоријата „Два предаватели, повеќе оператори“, при што е постигнат и нов европски рекорд. Веб врска http://iris.ftpaccess.cc/index.php/vesti/sportmeni/1797-radioamaterite-na-nikola-tesla-svetski-vicesampioni-vo-radioteleprinerskiot-kup
Вие сте на: Почетна Написи во медиумите