Прво Активирање од Маркови Кули - Водно
- Детали
- Објавено: 17 Јануари 2011
На ден 15.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Маркови Кули на падините на планината Водно, WCA реф. Z3-00009.
За период од час и половина со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 7 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 59 телеграфски радио врски.
Активирање од Бутела, Хераклеа, WCA Z3-00012
- Детали
- Објавено: 10 Јануари 2011
![]() |
Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award, радиоаматерот Владо, Z35M на ден 09.01 2011 год. по прв пат реализираше активирање од битолско Тумбекафе во близина на археолошкиот локалитет Хераклеа, во чија што непосредна близина се наоѓаат остатоци од тврдината Бутела, WCA реф. Z3-00012.
За период од три часа воспоставени се вкупно 53 CW QSOa на 20 м и 30 м опсег со употреба на батериски напојуван K1 со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на 5 м висина.
Самуилова тврдина - прво активирање
- Детали
- Објавено: 13 Август 2010
![]() |
На 11.08 2010 година за прв пат во рамките на програмата WCA – World Castles Award, радиоаматерот Владо – Z35M реализираше кусо активирање од Самоилова Тврдина.
За период од еден час остварени се вкупно 30 радиоврски на кусобрановите опсези 20м и 30м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
Прво активирање од Скопско Кале, WCA Z3-00002
- Детали
- Објавено: 07 Јуни 2010
![]() |
За период од околу еден час остварени се вкупно 51 радиоврски на кусобрановите опсези 40м, 30м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
WMA активирање од македонските планини
- Детали
- Објавено: 08 Јуни 2010
Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WMA – World Mountain Award, радиоаматерот Владо - Z35M реализираше куси активирања од планините Водно, Китка, Бистра, Галичица, Баба, Јабланица, Жеден, и др.
Користена е радиоопрема за кусобрановото фреквентно подрачје со максимална излезна моќност од 5 W до 50 W, напојувана од 12 V SLAB батерија, и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.


