Штипјани 4-ти во светот
- Детали
- Објавено: 12 Август 2010
![]() |
3V8SS - Експедиција
- Детали
- Објавено: 16 Мај 2010
Во 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.
Освоена дипломата Summit to Summit Award - 100 Contacts
- Детали
- Објавено: 17 Декември 2010
На 10.12 2010 год. Владо, Z35M ја освои дипломата Summit to Summit Award - 100 Contacts. Оваа диплома се доделува на радиоматерски оператори кои што како активатори од SOTA планински врвои имаат воспоставено најмалку 100 радиоврски од врв на врв.
Прво SOTA активирање од врвот Рамно на Скопска Црна Гора
- Детали
- Објавено: 13 Декември 2010
На 08.12 2010 год. радиоаматерите Владо, Z35M и Дамјан, Z35BY го реализираa првото активирање од Рамно, 1651 м, највисокиот врв на Скопска Црна Гора, SOTA реф. Z3/ЕМ-006.
За период од околу час и половина воспоставени се вкупно 49 радиоврски на 7 МHz и 14 MHz.
Користена опрема: радиоуреди Elecraft K1 со излезна моќност од 7 W на телеграфија и Icom IC-7000 со излезна моќност од 50 W до 5 W на фонија, 12 V, 7 Ah батерија, LDG автоматски антенски прилагодувач, и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.
Ова беше прво SOTA активирање на Дамјан, Z35BY, и шеесет и шесто на Владо, Z35M.
Повеќе: Прво SOTA активирање од врвот Рамно на Скопска Црна Гора
Зимско SOTA активирање на Љуботен, 2498 м , Z3/WM-010
- Детали
- Објавено: 24 Ноември 2010
На 21.11 2010 год. радиоаматерот Владо, Z35M го реализира првото активирање од Љуботен, 2498 м, SOTA реф. Z3/WM-010, еден од најатрактивните врвови на Шар Планина. Зимските улови на самиот врв овозможија активирањето да трае само 15 минути, но, сепак одржани се 25 КБ радиоврски. Користен е батериски напојуван КБ радиоуред со излезна снага од 5 W и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.
Повеќе: Зимско SOTA активирање на Љуботен, 2498 м , Z3/WM-010
