Првo странскo SOTA активирањe во Македонија - Z38/S56LXN
- Детали
- Создадено: 22 Септември 2010
- Објавено: 22 Септември 2010
Во периодот од 15 до 17. септември 2010 година, словенечкиот радиоаматер Бојан, S56LXN, за прв пат активираше неколку SOTA планински врвови во Македонија.
Во скопскиот регион ги активираше врвовите Крстовар - Z3/WM-046, Црн врв - Z3/EM-011 и Катлановко Блаце - Z3/EM-014, во пелагониската котлина Тополчански рид - Z3/WM-048 , и Горенска чука - Z3/WM-044 во близината на Охрид.
Сите 61 SSB радиоврски се воспоставени на 7 MHz со употреба на FT-817ND, LiPo батерија, Inv-Vee дипол, и 10 м рибарски стап како носач на антена.
Бојан е водечки активатор од планински врвови во Словенија со досега реализирани преку 180 SOTA мини-експедиции.