Z31MM I Z31MM vo 3V8SS
- Детали
- Објавено: 01 Август 2010
Во 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.
Собир на радиоаматери на РСМ Велешко езеро ресторан Бела Вода
- Детали
- Објавено: 24 Април 2023

На 22.04.2023 се одржа собир на РСМ на Велешко езеро во ресторанот БЕЛА ВОДА. Во пријатна атмосфера имаше презентација на повеке новини во областа на радиоаматеризмот.Најголем интерес на присутните имаше за работата на SHF подрачјето. Презентација за и околу активностите на ова подрачје имаше Дејан Трајковски - Z31RQ ,член на радио клубот Стево Патакот - Z37CEF од Битола. Од големиот интерс на оваа тема произлегоа и повеке прашања од страна на присутните.Присутните добија стручни одговори од страна на Дејан.Во рубриката Разно-најпрво во Македонија е поместен линк од материјали околу оваа активност.
18 Април Меѓународен ден на радиоаматерите од целиот свет
- Детали
- Објавено: 08 Април 2023

На 18 април, го одбележуваме меѓународниот ден на радиоаматерите од целиот свет. Во 1925 година, во Париз, се формирала Интернационалната унија на радиоаматерите (IARU – International Amateur Radio Union).
По тој повод РАДИОАМАТЕРСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА , во чест на формирањето на IARU 1 регион во 1925 година во Париз, како сооснивач на американската ARRL, Радиоаматерската Унија му посвети еднонедлна активност со посебен повикувачки знак во суфиксот HS4A, при што и Радиоаматерскиот Сојуз на Македонија од 18 до 25 април зеде учество со повикувачкиот знак Z30HS4A.
Активно учество имаа следните радиоаматери:
- Z31NA – Симеон Стојчески
- Z31RM – Тодор Тодоровски
- Z33PB – Боби Пектовски
- Z31R – Трајчо Богатинов
- Z33B – Кирко Мирчевски
Во период на од 18 до 25 април остварни се 2646 радиоаматерски врски од целиот свет, им благодариме.
K1B - Baker Island
- Детали
- Објавено: 16 Август 2010
![]() |
CQ WPX RTTY - 2010
- Детали
- Објавено: 15 Август 2010
![]() |

