Редовно Годишно Собрание на РСМ
- Детали
- Објавено: 19 Март 2019
Врз основа на член 18 и член 27 од Статутот на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, и во консултација со Извршниот одбор, претседателот на РСМ свикува Редовно Годишно Собрание на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
Собранието ќе се одржи во недела, на 24 март 2019 година во Штип, во Големата сала на Општината, со почеток во 10:30 часот.
Пријавени учесници за YOTA летен камп
- Детали
- Објавено: 22 Јануари 2019
До 20.01.2019 беше рокот за пријавување учесници за летниот YOTA камп Софија 2019. Координаторот Z32U ја објави следната информација:
Рокот за поднесување апликации за летниот камп на YOTA во Софија заврши, примени се следниве четири:
Ване Јованов Z31VAJ Неготино
Велјан Ѓорѓиов Z33C Кавадарци
Андреј Ферџо Мицков Z33RTF Битола
Андреј Антуновиќ Z35TUN Битола
Истите ќе бидат пријавени во YOTA и БФРА за учество во кампот.
Како највозрасен и со лиценца од А класа Велјан Ѓорѓиов е тим лидер.
Зоран/Z32U
YOTA летен камп Софија 2019
- Детали
- Објавено: 09 Јануари 2019
IARU R1 YOTA оваа година организира 9ти по ред летен камп во близина на Софија, Бугарија од 11-17 Август 2019 година. Секоја федерација членка на IARU може да испрати тим од пет члена, од кои еден е тимлидер. Возраста е од 15-25 години за членовите на тимот, а 18-30 години за тимлидерот.
РСМ ги повикува сите заинтересирани јангстери кои ги исполнуваат условите да ја пополнат приложената апликација и да ја испратат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
најдоцна до 20ти јануари за да може да се направи селекција. Пријавувањето на тимовите трае до крајот на јануари. Подетално за условите и за програмата на летниот камп на следниов линк https://www.ham-yota.com/call-for-application-youngsters-on-the-air-bulgaria-2019/
Декември - месецот на YOTA
- Детали
- Објавено: 11 Декември 2018
И оваа година РСМ се вклучува во активностите за настанот YOTA (Youngsters On The Air). По наше барање од страна на АЕК, а согласно пропозициите за YOTA издадени се дозволи за два повикувачки знака - Z30YOTA и Z39YOTA.
Со учество во активноста се започна уште првиот ден од месец декември и досега се остварени над 600 врски од Скопје, Штип, Битола, Кавадарци и портабл активирање во близина на Скопје.
Повеќе информации на Фејсбук фан страната YOTA Macedonia
Во прилог може да погледнете слики од активностите.
Собир на радиоаматери 2017
- Детали
- Објавено: 14 Септември 2017
Почитувани радиоаматери,
Како што веќе претходно информиравме, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија на 17.септември (недела) организира Собир на радиоаматерите на Македонија во ресторанот „Ресторан на Велешко“ кој се наоѓа на езерото „Младост“ крај Велес.
Во рамките на Собирот ќе се одржат повеќе теоретски и практични презентации од актуелни области на радиоаматеризмот и радио-техниката. Исто така ќе се одржи обука на младите радиоаматери, а потоа и натпревар во аматерска радио гониометрија. Истовремено овој Собир ќе биде одлична можност за меѓусебно дружење и подобро запознавање помеѓу радиоаматерите, но и помеѓу гостите.
Ве поканувам да дојдете и да го збогатете ова наше дружење со Вашето присуство.
На Собирот во недела, 17.септември, настаните се организирани со следниве тематски содржини:
1. 08:30 до 09:00 часот - Пристигнување на радиоаматери, натпреварувачи и гости и нивна регистрација;
2. 09:00 до 12:00 часот - Теоретска и практична презентација на спортско-техничката дисциплина „АРГ“ – аматерска радио-гониометрија и АРГ натпревар.
3. 12:00 до 15:часот - Теоретски и практични презентации на:
- ХСТ – Брза телеграфија;
- Одржување на радиоаматерски врски и комуникација со дигитални модови на работа;
- Одржување на радиоаматерски врски на УКБ преку рефлексија на радиобрановите од јонизирачки метеорски трагови;
- Одржување на портабл радиоаматерски врски;
- РМЗО – Радиоаматерски мрежи за опасност;
- СДР-уреди (Software Defined Radio) презентација;
- Радиоаматерски кодекс „Ham spirit“;
- Правилник за радиоаматерски сообраќај преку репетитори.
4. 15:00 до 17:00 часот - Ручек (за време на ручекот ќе бидат доделени благодарници, дипломи и признанија).
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Претседател,
м-р Миле Кокотов / Z33T