CQ WW RTTY 2010 - Z37M
- Детали
- Објавено: 30 Септември 2010
По неколку годишна пауза радиоаматерите од Штип одлучија повторно да работат во најтешката категорија Мулти - Мулти. Главна причина за ова одлука беа младите членови на овој радио клуб да добијат прилика за што повеќе работа на радио станица за време на овој натпревар.
Овој пат осум радио оператори го сочинуваа тимот но повеќемината не можеа да бидат присутни во текот на сите 48 часа колку што трае овој натпревар. Во текот на натпреварот им се случија технички и софтверски проблеми но благодарение на добро обучените членови на клубот овие ситуации беа релативно лесно и брзо решавани. Натпреварот го завршија со најдобар нивни резултат досега во најтешката или популарно наречената (абсолутна) категорија.
КТ КУП СРС - 2010
- Детали
- Објавено: 19 Септември 2010

Во најзначајниот натпревар на нашиот северен сосед "КТ КУП СРС" редовен учесник е радиоаматерот од Гевгелија Џоко Андонов - Z33A. На покана од тимот (Нови Сад) зеде учество во категоријата" Тимови" и за нив одработи 240 врски и им донесе 8000 поени.
Натпреварот се одржа на 18 септември 2010 на фреквенција од 3.5 МХз.
CQ WW CW 2009 - K5GO
- Детали
- Објавено: 15 Септември 2010
На покана од Stan - K5GO решив за CQWW CW да работам од неговата локација. Тоа е во државата Арканзас на околу 4 часа возење од кај мене. Претходно доста луѓе ми имаат кажувано за оваа локација и сите збореа во суперлативи не само за опременоста на истата туку и за гостопримството и фините луѓе така да не ми требаше многу мислење за да ја прифатам понудата. И така петок сабајле пред контестот ја ,,летнав,, за Арканзас, преку Мисури. Местото се вика Харисон и е скоро на самата граница со Мисури на северо западниот дел од Арканзас.
SCC RTTY - 2010
- Детали
- Објавено: 08 Септември 2010
По неколку месечни договарања последниот викенд на Август конечно се реализира заедничка активност во SCC RTTY -2010 помеѓу младите радиоаматери од Кавадарци и Штип. Во петокот на Сушево за првпат дојдоа Вељан - Z32AJA, Кире - Z33BMW и Коле - Z30KNA заедно со ветеранот Младен - Z32M кој е воедно и нивен учител а од домаќините Дими - Z33DGM, Гого - Z35GL, Игор - Z32ID, Крсте - Z35X, Венцо - Z36W, Тоне - Z36N а во саботата и неделата на кратко наминаа претседателот на радио клубот Љубе Здравков, др. Озрен - Z35T и Диме - Z35Z.
Russian RTTY WW Contest
- Детали
- Објавено: 08 Септември 2010
![]() |
