WFF активирање од Национален Парк Галичица , Z3FF-001
- Детали
- Објавено: 26 Мај 2010
![]() |
За период од два часа остварени се вкупно 102 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
Второ WFF активирање од Национален Парк Маврово , Z3FF-002
- Детали
- Објавено: 26 Мај 2010
![]() |
За период од околу еден час остварени се вкупно 67 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 30 м, со употреба на максимална излезна моќност од 7 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
WFF активирање од Националниот Парк Маврово , Z3FF-002
- Детали
- Објавено: 18 Мај 2010
![]() |
Активирањето беше реализирано од нашиот највисок планински врв Голем Кораб – 2764 м. За период од околу еден час остварени се вкупно 38 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 50 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
Освоена WCA-A диплома
- Детали
- Објавено: 26 Јануари 2011
На 18.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M ја освои дипломата WCA-A која што меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award ја издава на радиооператори кои што оствариле радиоаматерски активирања од најмалку пет тврдини.
Прво Активирање од Бункери - Водно
- Детали
- Објавено: 17 Јануари 2011
![]() |
На ден 16.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Бункери на сртот на планината Водно, WCA реф. Z3-00013.
За период од еден час со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 5 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 4,5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 31 телеграфски радио врски.



