WFF активирање од Националниот Парк Маврово , Z3FF-002

На 06.09 2009 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо – Z35M реализира  кусо активирање од Националниот Парк Маврово.
Активирањето беше реализирано од нашиот највисок планински врв Голем Кораб – 2764 м. За период од околу еден час остварени се вкупно 38 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 50 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
Вие сте на: Почетна WFF - Македонија WFF активирање од Националниот Парк Маврово , Z3FF-002