KSQP - 2010
- Детали
- Објавено: 06 Септември 2010
![]() |
Последниот викенд во август месец беше ново искуство за Драган - K0AP (Z32XX) кој неколку години живее и работи во Канзас - САД. На покана од Роб - K0RU да активираат повеке каунти (области) во Kansas qso party, веднаш се согласи и планот беше направен. За 2 дена според планот требаше да поминат 1700 км и да активираат дури 50 области. За оваа прилика Роб купи нов форд 150 4Х4 во кое ја инсталираа потребната опрема. За експедицијата да биде што поуспешна од опрема користеа: радио уред FT-857, линеарен засилувач ALS-500, APRS радио уред, APRS антена,Tarheel HP200 антена, 2 лаптоп компјутери и друга приклучна и неопходна опрема. Но секогаш мора да има некој проблем па така линеарецот им работи како треба само на 14 МХз каде што можат да емитуват со 500 W а на другите опсези исклучува, проблем имаат и со едниот лаптоп на кој што е инсталиран ГПС за да знаат точно каде се наоѓаат - многу важно за ваков начин на активирање на области.
Патешествието на Драган и Роб во интегралниот текст на англиски јазик можете да го прочитате во пдф фајлот.
Учество на радиоаматерскиот сојуз на Македонија во меѓународен кусобранов натпревар - 2009 год.
- Детали
- Објавено: 26 Мај 2010
![]() |
Натпреварите во оддржување радиоврски во етер претставуваат значајна активност на радиоаматерите.
Вакви натпревари се одржуваат секој викенд.
Секој втор викенд во месецот јули се оддржува меѓународниот кусобранов натпревар “IARU HF CHAMPIONSHIP” во организација на Меѓународната радиоаматерска унија – ИАРУ, во која што членува и Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
По неколкугодишна пауза, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија во 2009 година настапи со екипа од повеќе искусни радиооператори кои што од неколку локации во Република Македонија се натпреваруваа во категоријата на HQ станици, односно станици кои што го претставуваат седиштето на националната радиоаматерска организација. За оваа намена беше користен и специјалниот повикувачки знак Z30HQ.
Учесниците за период од 24 часа колку што трае натпреварот оддржуваа радиоврски со радиоаматери од што е можно повеќе различни локации во светот.
Се работеше на шест кусобранови фреквентни опсези (160, 80, 40, 20, 15 и 10 м)
Со употреба на емисиите CW – телеграфија (морзеова азбука) како и Phone - фонија (употреба на говор)
Покрај постојните антенски инсталации беа поставени и други антени, главно со насочено дејство. Опремата што се користеше е од радио клубовите, како и од радиоаматери поединци.
Досега македонските радиоаматери на вакви меѓународни кусобранови натпревари повеќепати се имаат пласирано на врвот од табелата и поставувале континентални и светски рекорди.
Признание за најдобри спортисти - 2009 год.
- Детали
- Објавено: 20 Мај 2010
![]() |
Радиоаматерска врска преку месечината на 6 м опсег
- Детали
- Објавено: 19 Мај 2010
Радиоамaтерот од Битола, Тодор Тодоровски – Z31RM во 2009 година ја оствари првата радиоаматерска врска на опсегот од 6 м (50 MHz) со одбивање на сигналот од површината на месечината (Earth – Moon – Earth: E-M-E).
Радиоврската е оддржана со претходно закажување со американскиот радиоаматер R. Lance Collister - W7GJ од сојузната држава Монтана, кој во оваа прилика користел предавател со моќност од 1,5 KW и антенски систем составен од 4 х 9 елементи Yagi за 50 MHz, додека Тодоровски за оваа прилика користел скромна опрема составена од 6 елементeн Long Yagi за 50 МHz, подигнато на јарбол висок 6 м, и моќност на предавателот од само 200 W.
Вевчански Карневал - 2009
- Детали
- Објавено: 28 Март 2010
![]() |
Оваа година по првпат за време на Вевчанскиот карневал како промотори во светот се вклучија и македонските радио аматери. Благодарение на агенцијата за електронски комуникации која експресно издаде специјален повикувачки знак, десетици илјади радио аматери во светот слушнаа и преку радио аматерска телевизија видоа што се случува на улиците во Вевчани. Радио аматерите од Македонија изработија мини веб страница која за овој краток период беше посетена 11.000 пати. Најактивни меѓу нив беа гевгеличаните Благој Љатев и Ѓорѓе Андонов кои одржаа 7000 врски за 15 дена.



