Изборно собрание
- Детали
- Објавено: 16 Октомври 2016
Почитувани
Согласно член 25 од Статутот на РСМ, ги известувам сите радиоаматери за следното:
1. Изборното Собрание на РСМ се планира за 20.ноември 2016 година
2. Сите заинтересирани радиоаматери за Претседател на организацијата, своите кандидатури да ги достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 01.ноември 2016 година
3. Кандидатурите и работните материјали за Изборното Собрание ќе бидат доставени до радио клубовите на ден 02.ноември 2016 година, а истите ке бидат објавени и на web страната на РСМ
4. за сите останати работи (време и место на одржување на Изборното Собрание) ќе бидете известени дополнително
со почит
Звонко Стаменков/Z35W
Миле Секуловски, Z31JY најстар радиоаматер во Македонија
- Детали
- Објавено: 25 Јануари 2011
Роден 1926 год. во с. Лисолај, битолско, сега жител на Скопје, Миле Секуловски, Z31JY е најстар радиоаматер во Македонија кој што непрекинато е активен на радиоаматерските опсези скоро шест децении.
Учесник во НОБ од 1944 година кога после ослободувањето на Скопје посетува воен радиотелеграфски курс. По завршувањето на воениот рок во 1947 година, се вработува како телеграфист и телепринтерист во поштата во Битола каде што службува 12 години.
Повеќе: Миле Секуловски, Z31JY најстар радиоаматер во Македонија
Кевин Митник во Македонија
- Детали
- Објавено: 17 Декември 2010
Најпознатиот поранешен светски хакер Кевин Митник беше во Македонија овие денови. Настанот го отвори Министерот за информатичко општество Иво Ивановски а Кевин пред македонската публика одржа предавање за најновите и најдобрите методи на компјутерска безбедност.
Во текот на предавањето тој ги презентираше и своите две најпродавани книги "Уметност на измама" и "Уметност на пробивање" преку кои практично им покажува на компаниите како да спречат напади врз нивните информатички бази.
Настанот доби голем публицитет во медиумите а организаторот изработи и веб страница
Кевин е радиоаматер и по излегувањето од затвор со месеци се обидуваше повторно да добие лиценца за работа на радио станица. Неговиот повикувачки знак е N6NHG.
Z37Y - Нов форум на интернет
- Детали
- Објавено: 20 Септември 2010
Новите интернет технологии се интересни за младите радиоаматери од Кавадарци. Од пред неколку дена имат активен форум за актнивностите во нивниот матичен радио клуб "Искра" http://z37y.freeforums.org а можете да станете и член на нивниот профил на најголемата социјална мрежа на светот фејсбук http://www.facebook.com/group.php?gid=152420141455186&ref=ts
Незаменлив комуникациски систем во вонредни услови
- Детали
- Објавено: 08 Јуни 2010
Радиоаматерските комуникации и во најтешки услови неможат да бидат целосно прекинати. Тоа главно се должи на големата дисперзираност на радиоаматерските станици, нивната системска независност во функционирањето, големата флексибилност за функционирање во импровизирани услови, и секако секогаш присутната спремност на радиоаматерите да помогнат на својата заедница во најтешките моменти.
Досега повеќе пати се докажало дека кога останатите комуникациски системи откажуваат, радиоаматерските комуникации и натаму се во функција и неретко се единствен начин за врска со надворешниот свет.
Радиоаматерите биле првите кои што во светот ја пренеле веста за катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, со што овозможиле што поскоро да пристигне неопходната помош.
Во периодот на воени конфликти во регионот, радиоаматерите преку одржување радиоврски помогнаа многу раселени семејства да се информираат за своите најблиски.