JARTS RTTY 2009
- Детали
- Објавено: 30 Септември 2010
Јапонското радиоаматерско телепринтерско друштво деновиве ги објави резултатите на натпреварот што го организираа заедно со јапонскиот огранок на CQ Magazine 2009-та година.
Плакетата за освоено прво место во светот наскоро ке пристигне во Македонија кај Тоне Петров - Z36N, кој што одработи 1895 врски во категоријата - еден оператор, сите опсези.
ARI 2004 - Z39Z
- Детали
- Објавено: 22 Септември 2010
Како по обичај работите кај гевгелиските радиоаматери се случуваат во 5 до 12. По иницијатив а на Златко се најдовме во ресторантот кај што работи во четвртокот навечер и веднаш падна договор во саботата да одиме на нашата натпреварувачка локација во близина на селото Селемли и таму да го прославиме 1-ви мај.
Меѓународниот празник 2004 година се совпадна точно со ARI натпреварот кој што традиционално го организира Италијанската асоцијација на радиоаматери.
CQ WW WPX CW 2002 - Z39Z
- Детали
- Објавено: 22 Септември 2010
За телеграфскиот дел на CQ WW WPX требаше да патувам за Црна Гора и да бидам дел од мулти сингл тимот на YT6A, но три дена пред натпреварот морав да го откажам патувањето. Бидејки бев доста зафатен во деновите кога се одржува овој натпревар преку ден единствена добра солуција беше да работам на 3.5 МХз од нашата натпреварувачка локација која се наоѓа во близина на селото Селемлија. Пред почетокот на натпреварот поставивме антени за повеќе опсези а за мене резервиран делта луп антената со која во фонискиот дел на овој натпревар поминав одлично. За разлика од фонискиот дел (последен викенд Март месец) кога времето беше како да сме на антарктик сега беше одлично, последен викенд на мај месец и моравме да бидеме многу претпазливи бидејки на локацијата врие од змии.
CQ WW WPX CW - 2004
- Детали
- Објавено: 09 Септември 2010
Вториот по популарност радиоматерски натпревар на кратки бранови е секогаш предизвик и да се учествува но и озбилно да се работи. Последните неколку години имав добри резултати на 3.5 МХз, па затоа решив и оваа година повторно да учествувам но од просториите на радио клубот во Гевгелија. Самата местоположба на радио клубот и антената која е обичен дипол поставен пред 20-на години не овозможуваат услови за добар пласман во натпреварите, особено не во најпопуларните кај што има огромна масовност од целиот свет. Десетина дена пред натпреварот незнам што ми стана па решив да го одработам на начин на кој што работевме во минатото на личниот повикувачки знак Z32AF.
4O6A - ARRL SSB 2002
- Детали
- Објавено: 07 Септември 2010
По завршувањето на телеграфскиот дел на ARRL се договоривме да го работиме и фонискиот дел на овој натпревар во истите категории. Како добар познавач на патот до Игало во траење од 27 часа и преместувањето од воз во воз а на крај како промена и автобус се одлучив да тргнам на пат во четврток сабајле па би требало да бидам кај Ранко YT6A (сега 4O3A) во фирмата некаде околу 11 часот во петок. Патувањето беше супер, добра клапа од почетокот до крајот на патувањето што ме чинеше уште еден ден без спиење. Како што му ветив на Предо – YU7EU (сега SK) купив еден пакет лименки Скопско пиво но на патот помеѓу Ниш и Подгорица не остана ништо освен празните лименки. Во Игало стигнав малку пред 11 часот а во SKY – SAT се појавив по 12 часот.
Комплетната репортажа за оваа контест експедиција може да се прочита во пдф документот.