Fripp Island (NA-110)
- Детали
- Објавено: 12 Август 2010
Почетокот на јули месец беше интересен за Драган - K0AP и Владо - N3CZ кои со фамилиите го поминаа годишниот одмор на островот Фрип во Северна Каролина. Драган живее во Канзас додека Владо во Северна Каролина и досега не беа се сретнале иако во минатото контактирале многупати преку различни средства за врски. По многубројни разговори и договарања конечно ова лето се договорија заедно со фамилиите да го користат одморот на некое острово кое што е рангирано по ИОТА критериумите.
Изборот падна на островот Фрип (NA - 110) а опремата што ке се носи да биде прилагодена за портабл работа бидејки активирањето на островот е во втор план. Оваа работа ја презеде Владо кој има големо искуство учествувајки на неколку големи експедиции на пацификот. За време на престојот на овој остров се одработени околу 500 радио врски на кратки бранови со радиоаматери од повеќе земји во светот. Сите радиоврски ке бидат потврдени а qsl картичките се печатат во Бугарија кај LZ1JZ - Тони. Бидејки поголемиот дел од времето е искористен за дружење и разгледување на интересните места на овој егзотичен остров, тие велат дека е одлично место за летен одмор каде што луѓето и животните (срни, алигатори, пајаци...итн) опстојуваат во перфектна симбиоза и никој не се плаши од никого.