SOTA - Општо

SOTA – Summits On The Air е меѓународна радиоаматерска програма која промовира портабл активности од планински врвови.

SOTA започна во 2002 година во Велика Британија и сега оваа програма е целосно оперативна во многу земји низ светот. Македонија активно се вклучи на 1. мај 2009 година. Радиоаматерите можат да се вклучат со свои активности како активатори на планински врвови, или како одржувачи на радиоврски со активаторите.

Опремата за одржување радиоврски активаторите мора самите да ја однесат на планинскиот врв.  Крајното пристапување на планинскиот врв мора да се изведе без употреба на моторни превозни средства. Не е дозволено користење приклучок на постојана електрична мрежа. За напојување се користат разни видови батерии, соларни панели и сл.  

Секоја земја формира своја  SOTA асоцијација со листа на дефинирани планински врвови кои според надмосрката висина се вреднувани со определен број на поени. Со постигнати одреден број на поени може да се аплицира за освојување радиоаматерски дипломи.

Вие сте на: Почетна SOTA Македонија SOTA - Општо