Лиценци во 1955 година

1955 година во Македонија имаше лиценцирани 9 радио клубови и 3 лични повикувачки знаци.

Лиценцирани клубови:

YU5APQ  Р.К. Вардар, Скопје
YU5CEF   Р.К. Битола, Битола
YU5COP  Р.К. ПТТ, Скопје
YU5CPR  Р.К. Струмица, Струмица
YU5CXY  Р.К. Куманово, Куманово
YU5CYZ  Р.К. Скопје, Скопје
YU5DRS Р.К. Кочани, Кочани
YU5DST  Р.К.  Југ, Охрид
YU5FEF  Р.К. Прилеп, Прилеп

Лиценцирани оператори:

YU5JY    Миле Секуловски, Битола
YU5KR   Александар Педевски, Скопје
YU5LD   Aлександар Силјановски, Битола

17. Јуни – Ден на аматерските радиооператори

На 17. јуни 1993 год. македонските радиоаматери по прв пат во етерот се огласија со новиот префикс – Z3 доделен на Република Македонија.
Овој настан е од огромно значење за членовите на РСМ така што овој ден уште истата година е прогласен за Ден на аматерските радиооператори.

Список на Радио Клубови (1946 – 1996)

Р.К. Дивна – Z37FDM, Берово
Р.К. Стево Патакот – Z37CEF, Битола
Р.К. Никола Тесла – Z37FQR, Велес
Р.К. Младост – Z37FKD, Виница
Р.К. Никола Тесла – Z37FAD, Гевгелијa

Повеќе: Список на Радио Клубови (1946 – 1996)

Прирачник за аматерска радиогониометрија

 

Во 1991 година Радио Клубот „Млад Техничар“ – Z37CYZ од Скопје издава „Прирачник за аматерска радиогониометрија“ од авторот Јоле Јолески – Z31JJ.
Во прирачникот авторот ги обработува сите елементи на оваа радиоаматерска дисциплина од основните поими и дефиниции, потребната опрема, топографијата, орентација на терен, организација на натпревари, правилата и тактиката на натреварување, физички подготовки, и др. Текстовите се збогатени со прилози, цртежи, скици и табели.

Вие сте на: Почетна РСМ Историја на РСМ