Како изгледа просечна радиоаматерска станица ?

Радиоаматерските уреди можат да бидат: "рачни" со големина на “toki-voki” - за користење на УКБ или повисоките фреквентни опсези; "компактни радиоуреди" за КБ, УКБ или повисоките фреквентни опсези со големина колку радио за во автомобил - за употреба во мобилни услови или од привремена локација; "базни радиоуреди" со големина колку постарите видео рекордери - кои што најчесто се употребуваат за фиксни инсталации во домови, радио клубови, и сл. Има радиоуреди самоградби со мала снага кои што се изградени во метални кутии колку конзерва за туна и сл.
Антените се со големина од мала спирална антена на рачните радиостаници; мали вертикални антени нешто поголеми од антените за автомобил; неколку елементни антени со насочено дејство слични како телевизиските антени; парче жица со било која должина приклучена за антенски прилагодувач; дипол направен од жица со должина од неколку метра, па се до неколку десетина метри; неколку елементни антени со насочено дејство кои што се употребуваат на КБ опсезите, а се со големина на "џиновски ТВ антени" поставени на високи столбови, и др.
Вие сте на: Почетна Радиоаматеризам - Општо Како изгледа просечна радиоаматерска станица ?