Колку средства треба да се издвојат за бавење со радиоаматеризам ?

Користењето на аматерските радио-фреквенции е бесплатно.
За добивањето дозвола за работа која што ја издава Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, потребно е да се издвојат само неколку стотини денари, и истата има важност од десет години.
Опремата може да чини од педесетина до сто евра за набавка на користен рачен УКБ уред, неколку стотини евра за користен КБ радио уред, па се до неколку илјади евра за современи КБ уреди и поголеми антенски системи.
Радиоаматерската опрема може да биде и самоградба, со што значително се намалуваат трошоците на чинење.
Значи, за радиоаматеризмот потребно е да се одвојат средства колку и за секое друго хоби.
Вие сте на: Почетна Радиоаматеризам - Општо Колку средства треба да се издвојат за бавење со радиоаматеризам ?