1957 г. Прво учество на натпревар вон Македонија

Прво учество на натпревари надвор од Македонија, македонските радиоаматери го реализираат во Изола (Реп. Словенија) во втората половина на 1957 година.

1950 - Прв оператор со личен повикувачки знак

Миле Секуловски - YU5JY (сега - Z31JY) е првиот оператор кој добива право да работи на радио станица со личен повикувачки знак.

1951 г. - Предавател за КБ

Првиот КБ предавател е направен 1951 година во работилницата на ПТТ Македонија во Скопје. Во градбата на предавателот учествувале Војо Баланчевски и Васко Тодоровски од ПТТ и Перо Ивановски - Z31DA. Овој предавател е поставен во тогаш многу активниот радио клуб "Струмица" од Струмица.

1946 г. - Радиоаматерско друштво

Првото радиоаматерско друштво е формирано во почетокот на 1946 година под името - Радиоаматерско друштво "Скопје", сегашен радио клуб "Млад Техничар" - Z37CYZ.

1937 г. - Прв радиоаматер

Васко Петковски е првиот радиоаматер во Македонија. Радиоаматерско конструкторски курс завршил во Земун 1937 година.
Вие сте на: Почетна Најпрво во Македонија