Македонски DX-експедиции во Албанија

Првата DX- експедиција на македонски радиоаматер во Албанија беше реализирана во мај 1994 година од страна на Владо, Z32KV (Z35M). За период од неколку дена од домашните локации на Mајк, ZA1MH и Гени, ZA1B, со користење на повикувачкиот знак ZA/Z32KV одржани се вкупно 1300 радиоврски.  

 

Во април 1995 год. Владо, Z32KV (Z35M) повторно е активен од Албанија како оператор-гостин со повикувачкиот знак на Мајк, ZA1MH, при што за два дена се одржани скоро илјада радиоврски.

 

Во периодот од 2002 до 2007 год. Владо, Z35M беше повторно активен од Албанија за време на неговиот подолг работен престој, при што со користење на 100 W и G5RV мултибанд жичена антена се одржани вкупно 113 илјади радиоврски со користење на личниот повикувачки знак ZA/Z35M.

 

Во рамките на меѓународниот проект "Goodwill Albania" во 2003 година во неколкудневна DX - експедиција учествуваа и Венцо, Z36W и Крсте, Z31GX (Z35X), при што со користење на клубскиот повикувачки знак ZA1UT одржаа неколку илјади радиоврски од локација во близина на приморскиот град Драч.

 

При крајот на својот работен престој во Албанија, во јуни 2007 год. Владо, ZA/Z35M реализираше неколкудневна портабл активност од локација во близина на градот Саранда на брегот на Јонско Море, при што на 20 м опсег се одржани преку илјада радиоврски.

 

Вие сте на: Почетна WMA - Македонија КБ - УКБ Z3 - DX Експедиции Македонски DX-експедиции во Албанија