CQ WW WPX CW - 2004

z32af wpx cw 04 Вториот по популарност радиоматерски натпревар на кратки бранови е секогаш предизвик и да се учествува но и озбилно да се работи. Последните неколку години имав добри резултати на 3.5 МХз, па затоа решив и оваа година повторно да учествувам но од просториите на радио клубот во Гевгелија. Самата местоположба на радио клубот и антената која е обичен дипол поставен пред 20-на години не овозможуваат услови за добар пласман во натпреварите, особено не во најпопуларните кај што има огромна масовност од целиот свет. Десетина дена пред натпреварот незнам што ми стана па решив да го одработам на начин на кој што работевме во минатото на личниот повикувачки знак Z32AF.

Едноставна радиостаница, едноставна антена и предавање со електронски тастер, значи во предавањето нема да користам компјутер – на овој начин работевме до пред 7 години и последните години бев комплетно заборавил како е да се работи на стариот начин и се прашував дали ке можам да го издржам натпреварот до крај. Бидејки се е под просек важно ми беше да учествувам без никакви размислувања за добар резултат.

Натпреварот започна релативно добро за некој што работи со мала јачина на предавател и првиот час се одржани 87 а вториот час го завршувам со 156 врски претежно со радиоаматери од Европа. Бидејки на овој опсег претежно се работат радиостаници од Европа до сабајле приметив дека и оние станици кои ги викаме БИГ ГАН (поради огромните антенски системи и голема јачина на засилувачите) имат само минимална предност во број на остварени радио врски. Најголем проблем во текот на натпреварот беа слушалките (маде ин ЈНА) кои се одлични за прием но прават дупки во главата ако се користат повеќе од половина час Cry

Пропагациите беа одлични но фрустрирачки беше што станици вон Европа требаше да ги повикувам многу пати, често без успех. Во текот на натпреварот ако користев компјутер за предавање веројатно можев да одработам најмногу уште 100 врски но целта беше да се учествува во натпреварот само со електронски тастер а при тоа да се прават што помали паузи.

Од поинтересните ДХ-ви, успеав да ги одработам 9M6A и JT1JA, но испуштив доста интересни станици од кои 9M2TO имаше одличен сигнал но и покрај многуте повикувања никако не успеа да ме слушне. Натпреварот го завршив со 616 одржани радио врски, 349 префикси и 517.218 поени што представува и светски рекорд во оваа конкуренција. Користена опрема: FT-101Z (tnx - Z33O), HAM прилагодувач на антена, Дипол антена, Електронец EK-103 и компјутер PC 386 (tnx - Z37Z) и мобилен телефон за смс множители Wink

Од Македонија е работен само Крсте - Z31GX (Z35X) а од нашите кои се активни од други земји Владо - ZA/Z35M и Хране – (YT1AD/Z32A) кој стандардно работи од победничката локација во Тунис со повикувачкиот знак - 3V8BB.

Вие сте на: Почетна Рекорди CQ WW WPX CW - 2004