РСМ - Радиоаматерскиот сојуз на Македонија е непрофитно здружение на граѓани основанo во 1946 год. кое во континиутет е активно до денешен ден.  Во него членуваат радиоаматерски клубови и индивидуални членови.
РСМ е член на Народна техника на Македонија, како и на ИАРУ –Интернационална радиоаматерска унија.
  
Делокруг на активности на РСМ: популаризација на техничката култура од областа на радиоаматерството, поттикнување, развој и зацврстување на интересот кај децата и возрасните за занимавање со електроника, радиокомуникации, техничко образување и оспособување на членовите за практична примена на електрониката во радиокомуникациите, поттикнување, развој и примена на иновации во областа на електрониката, радиотехниката и телекомуникациите, организирање, координирање и реализација на активности од интерес на радиоаматерите во Република Македонија, организирање и спроведување стручна обука за радиоаматерските специјалности, остварување соработка со домашни државни органи како и со невладиниот сектор, застапување во ИАРУ – Интернационалната радиоаматерска унија, соработка со странски организации на радиоаматери, и други надлежности согласно Статутот.

Седиштето на РСМ се наоѓа во Скопје на адреса: Градски sид, Блок 5.
Поштенска адреса: Радиоаматерски сојуз на Македонија, П.Фах 477, Скопје 1000, Македонија
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Вие сте на: Почетна РСМ За нас За нас