Активности од 915 Mhz до 24 Ghz

На следниот линк https://shorturl.at/u1578  ке видите радиоаматерски активности на микробраново подрачје  од 915 Mhz  до  24 Ghz  на нашите истакнати членови  Дејан - Z31RQ  и Николче - Z32TW  од радио клубот Стево Патакот  - Z37CEF од Битола. Презентација беше одржана на собирот на РСМ Велешко езеро на 22.04.2023.

1985 г. Прва MS (Meteor Scatter) врска

Првата MS врска е одржана на ден 02.01.1985 година од страна на Владо/Z31TU тогаш YU5TU со DK0TU од Берлин. Како што кажува тој, првите MS врски ги одржаl во текот на 1984 година меѓутоа сеуште и покрај повеќе интервенции не му се потврдени.

За одржување на врската користел: FT 480 R, засилувач од 150 w , антена 11 елементи јаги за 144 и магнетофон UHER репортер добиен од Перо Z31GM и од Алфред Z31A.

2005 г. - ЕDX 100

40_z39zВенци Ристов - Z32AF (сега Z39Z) од Гевгелија е првиот македонец кој потврди 100 земји по радиоаматерската поделба преку електронскиот сервис www.eqsl.cc

2009 г. - Првото SOTA активирање во Македонија

image0465Првото активирање во Македонија од планински врв, во рамките на меѓународната радиоаматерска програма SOTA - Summits on the air,  реализирано е од Владо, Z35M на 02.05 2009 год. од Тополчански Рид, 848 м.н.в., Z3/WM-048, кој се наоѓа во пелагониската котлина. Работено е со радиоуред Alinco DX-70T со излезна моќност од 5 W  и Inv - Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, при што на 7, 10 и 14 МХз остварени се вкупно 51 телеграфска радиоврска.  

1997 г. Прв собир на КБ и УКБ оператори

Првиот радиоаматерски собир на КБ и УКБ операторите се одржа во Кавадарци на 22-ри и 23-ти ноември 1997 година.
Вие сте на: Почетна Најпрво во Македонија